Израелските власти утрово го ослободија палестинскиот затвореник, Карим Јунис, по 40 години минати во затвор.
Јунис во 1983 година беше осуден за членство во забранетото движење „Фатах“, за поседување оружје и за убиство на израелски војник.
Јунис е член на Централниот комитет на „Фатах“, предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Во затвор има напишани две книги, едната во 1990 година насловена „Политичката реалност во Израел“, а втората во 1993 година со наслов „Идеолошка борба и договор“.
Фото: миа.мк