• Latest

Извештај на ОБСЕ/ОДИХР за изборната кампања во Албанија: Тест за интеграција во ЕУ; Степен на поларизација, дијаспората гласа за прв пат

April 30, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Извештај на ОБСЕ/ОДИХР за изборната кампања во Албанија: Тест за интеграција во ЕУ; Степен на поларизација, дијаспората гласа за прв пат

April 30, 2025 10:16
in ИЗБОРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

ОБСЕ ОДИХР подготви извештај за изборната кампања во Албанија. Според извештајот, парламентарните избори во 2025 година се одржуваат во контекст на неодамнешните промени во изборниот систем и со вклучување на Албанците надвор од Албанија во гласањето за прв пат, што му дава на овој процес посебно значење, јавуваат албанските медиуми.

Според оценката на ОБСЕ-ОДИХР, овие избори претставуваат уште еден клучен момент за зајакнување на демократските институции и унапредување на демократските процеси во Албанија, особено во контекст на нејзините тековни преговори за членство во Европската Унија.

Во прелиминарниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР, кој го опфаќа периодот од 1 до 21 април 2025 година, се наведува дека политичката клима останува напната, со длабоки поделби и недостаток на доверба меѓу двете главни политички сили во земјата.

„Дел препораки на ОДИХР се спроведени, како што се намалувањето на прагот за независни кандидати и забраната за лидерите на партиите да се кандидираат во повеќе од една изборна единица, но многу други препораки остануваат неспроведени.

Централната изборна комисија (ЦИК) е телото одговорно за спроведување на изборите. Досега, подготовките се во тек, вклучително и гласањето во странство што ќе се спроведува по пошта. ЦИК спроведе обемни информативни кампањи за гласачите во странство, како и за граѓаните воопшто, националните малцинства и лицата со попреченост.

Електронското гласање и електронското броење ќе бидат пилотирани во неколку општини, со тестирање и јавни демонстрации пред денот на изборите.

Регистрирани се околу 3,7 милиони гласачи, од кои околу 246 илјади гласаат од странство. ЦИК одлучи да ја продолжи важноста на истечените документи за идентификација за да се олесни регистрацијата на гласачите во странство. Верификацијата и корекција на податоците беше можна и преку интернет. Идентификацијата на денот на изборите се врши преку електронски уреди.

Кандидатури можат да поднесат партии, коалиции или групи гласачи за независни кандидати. ЦИК регистрираше 11 изборни субјекти (8 партии и 3 коалиции), со вкупно 2.046 кандидати. Изборниот законик бара еден од тројца кандидати на листата да биде од недоволно застапениот пол.

Жените држат половина од министерските позиции, но сè уште се недоволно застапени во Собранието со 50 од 140 пратеници (36%). Од регистрираните кандидати, 787 се жени (38,47%). Неколку соговорници на ОДИХР ги наведуваат родовите стереотипи и дискриминаторската реторика како пречки за вклучување на жените во политиката.

Изборната кампања официјално започна на 11 април. По неколку настани од висок профил, таа продолжи на смирен начин. Личните напади меѓу лидерите се вообичаени, дури и на социјалните медиуми. Користењето на државни ресурси за водење кампања е забрането, но постојат загрижености за притисок врз државните службеници, неправедно влијание врз гласачите и злоупотреба на јавни средства. ЦИК доби многу жалби за прекршувања на кампањата и активно ги следи, вклучително и онлајн активностите на 50 јавни институции.“, се наведува меѓу другото во прелиминаниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР за изборната кампања во Албанија.

Д. Т.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ