• Latest

Извештајот на ЕК е искрен, но правичен, Северна Македонија да ја искористи создадената динамика во процесот на проширување

November 9, 2023
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештајот на ЕК е искрен, но правичен, Северна Македонија да ја искористи создадената динамика во процесот на проширување

November 9, 2023 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Извештајот на ЕК се стреми кон тоа да даде јасна и објективна оценка за напредокот. Иако, потенцира одредени области каде е постигнат напред, тој е многу искрен за одредени области каде не е постигнат напредок или пак има ограничен напредок, особено во оние области кои што ние ги сметаме за толку важни што ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори како што се владеење на правото, борба против корупција, реформи на јавната администрација, и основните чевекови права“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година.

-Извештајот е искрен, но правичен, со тоа ние сакаме да ги охрабриме властите, државните иунстутции, како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите во интeрес на граѓаните и во интерес на патот кон членство во ЕУ, рече Гир.

Извештајот, кој што го покрива периодот од доцната есен 2022 година до летото 2023, потенцира Гир, доаѓа во контекст кога имаме значајна динамика во проширувањето, особено по незаконската руска агресија во Украина, при што рече, сите разбираме дека проширувањето е во наш заеднички интерес, се работи за просперитет, демократија, но и за стабилност и безбедност. Потврда за тоа се, рече евроамбасадорот, вчерашните историски препораки за почеток на преговорите со Украина и Молдавија.

-Сакаме Северна Македонија да ја искористи оваа динамика, Извештајот доаѓа и во контекст на можности особено со Предлогот на Комисијата за Планот за раст за Западен Балкан. Сакаме Северна Македонија да ја искористи оваа можност, рече Гир.

Што се однесува на суштината Извештајот е, нагласи тој, многу сеопфатен  и е на 120 страници. Во делот на политичките критериуми, документот нотира дека СМ продолжува да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата, додека се соочува со одредени предизвици во областа на владеењето на правото.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ на прес-конференцијата истакна дека вчера објавениот пакет за проширување на ЕК за 2023 година, за разлика од претходните години покрај Стратегијата за проширување и поединечните извештаи за вкупната подготвеност и напредок на секоја држава, кандидат или држава која што преговара за членство, вклучува уште еден дополнителен документ, Планот за раст на економите на ЗБ со што се воведува и една нова дополнителна динамика во процесот на интеграција во ЕУ.

-Силно го поздравуваме објавениот план за раст на економиите на ЗБ, за првпат имаме резервирани пари поврзани со реформите. 6 милијарди евра за целиот наш регион од кои една милијарда евра може да биде на располагање на РСМ. Планот за раст ќе ги засили нашата и регионалната економија , а со тоа и побрзо ќе се намалуваат значајните разлики со економиите на земјите членки од ЕУ, рече Маричиќ.

Со планот за раст, додаде тој, се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар. Тоа значи дека нашите производи и услуги ќе почне да се пласираат на единствениот европски пазар под исти услови, како и  државите членки на ЕУ и пред нашето официјално членство во ЕУ.

-Планот за раст е резултат на нашите барања и заложби. Ние веќе подолго време како држава кандидат баравме од ЕУ, а бараа и другите држави од регионот да може да користиме придобивки и можности од зачленувањето во ЕУ и пред да станеме членка, односно додека траат преговорите. Се сеќавате дека тоа беше и тема на забрзана интеграција или повеќе интеграција пред членство веќе подолг период. Заедничка цел наша и на ЕУ е до април 2024 година да се направи и прв трансфер на средства кон Северна Македонија и кон другите земји во регионот на ЗБ. Тоа значи дека ако продолжиме и забрзаме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од овој нов пакет веќе може да го имаме за пет месеци од сега, рече Маричиќ.

Планот за раст е финансиска но и политичка инвестиција на ЕУ во Северна Македонија и во нашиот регион, нагласи вицепремиерот Маричиќ., пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ