Со пораката „Извршители назад на суд“ утре ќе се протестира пред Комората на извршители во Скопје, како реакција на новиот Закон за извршување, со почеток во 12 часот.
Како што се вели во повикот, започнува „ловот на корумирани извршители“. Огранизаторите сметаат дека нивното делување надвор од судвите е непотребно, а начинот на нивното однесување е недозволиво.
Новиот Законот за извршување предвидува неплатените комунални сметки на граѓаните извршителот не смее да ги блокира без претходно известување. Ваквата вонсудска наплата треба да им овозможи на граѓаните да го платат долгот без поголеми трошоци.
Б.Ј.