• Latest

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

December 29, 2017
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

December 29, 2017 12:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата приматели на социјална помош.

– Потпишувањето на меморандум со Комората на извршители е со единствена цел, да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Според неа, со овој меморандум и со поставување директна конекција меѓу МТСП и софтверите заедно со Комората на извршители, ќе биде надминат проблемот со блокирање сметки на примателите на социјална помош и други права од системот на социјална заштита и овие граѓани нема да бидат оштетени во ниту еден момент.

– Во изминатите години не само што имавме блокирање, туку и за одблокирање на сметките граѓаните имаа обврска да плаќаат. Сега тоа го надминуваме и граѓаните се ослободени од трошоци, но ќе се надминат проблемите со кои што се соочуваат и извршителите, а и МТСП се ослободува од товарот со одредени пари кои од буџетот беа наменети за граѓаните, да бидат потрошени за банкарски или други административни трошоци, рече Царовска.

Претседателот на Комората на извршители Зоран Димов рече дека со меморандумот се исполнува и обврската од Законот за извршување, со која е предвидено за непречено спроведување на извршувањето, извршителот да има право по електронски пат за конкретен должник да побара податок од евиденциите кои ги водат органите на државната урпава.

– Извршителите сега ќе можат по електронски пат да проверуваат дали едно лице е примател на парична помош од социјалната заштита преку пристапот до регистарот на МТСП, со што ќе се избегне потребата од писмени докази за исполнување на условот за изземање на овие средства од извршувањето, рече Димов.

Потписниците се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на реализацијата на овој меморандум и се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: извршителиМила ЦаровскаМТСПсоцијаласоцијални случаи
Share110TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ