По четири часа заврши распитот во ОЈО на специјалната обвинителка Катица Јанева, која на излегување пред новинарите изјави дека е повикана како сведок во случајот „Рекет“.
На прашањето дали знае кај завршиле парите, Јанева одговори дека ова е истрага и во истрага не се споделуваат информации.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2109205019384355/
„Ќе има најверојатно судење и таму ќе се кажат работите. Два мои телефони што сум ги користела се на анализа во обвинителство. Дали истрагата ќе се води и против мене – не знам. Не, не чувствувам вина. Не знам дали во случајот има инволвиран и политичар“, беа одговорите на Јанева на бројните прашања на новинарите по излегувањето од распитот.