„Ова се многу предизвикувачки времиња, особено за малцинствата во Македонија. Во изминатите две години, кога станува збор за инклузијата и меѓуетничките односи во Македонија, особено во образованието, по сите проекти за интеграција, сепак, резултатот е – поголема сегрегација.
Ние живееме во општество каде младите не зборуваат меѓу себе ако се од различна етничка група. Ова е проблем кој мора да го решиме ако сакаме како земја да влеземе во ЕУ. Истото е и со правата на ЛГБТИ – заедницата.
Најголемиот проблем е апатијата на младите во земјата. Не се интересираат за политика, затоа што мислат дека таа е поврзана со политичките партии, а не со се што ни се случува секојдневно.
Апатијата е страшна работа за оваа земја. Младите тука само сакаат да ја напуштат државата. Дури не чекаат тука да студираат, туку сакаат да студираат надвор. Тоа е она на што мора да работиме и да ги насочиме нашите перспективи. Мора ги научиме како да ја препознаат дискриминацијата. Затоа што, сè што е направено изминатите години е за повозрасните луѓе, а не за младите и тие се чувствуваат дискриминирано“, рече во своето обраќање Огнен Јанески.
М. Ивановска