• Latest

Јанкоски од Народната банка: Ги следиме најновите трендови за висока киберотпорност на банките

August 29, 2024

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Јанкоски од Народната банка: Ги следиме најновите трендови за висока киберотпорност на банките

August 29, 2024 11:34
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Народната банка има посебна организациска единица и регулатива за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор, којашто е во согласност со најдобрите практики на Европската централна банка и Европскиот банкарски орган. Со оглед на брзиот технолошки развој и дигитализацијата, централната банка постојано ги следи најновите трендови за јакнење на свесноста од ризиците и врши надополнување на регулативата и засилени теренски контроли“, вели Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка во интервју за Македонската радио-телевизија, соопштува службата за односи со јавноста од кабинетот на гувернерот.

Јанкоски посочува дека домашниот банкарски сектор активно ги употребува најновите финансиски технологии за унапредување на своето работење заради обезбедување нови финансиски продукти, но  голем број од новите технологии наоѓаат примена и во јакнењето на кибербезбедноста.

„Во делот на новите технологии, домашните банки применуваат напредни системи за анализа на платните трансакции за откривање измама, засновани на вештачка интелигенција. Овие системи придонесуваат за натамошно зајакнување на безбедноста на платежните трансакции, со тоа што ќе може да препознаат невообичаена трансакција,  невообичаен трговец, невообичаен уред, време, држава и слично, од каде што се изведува трансакцијата, при што ќе се бара дополнителна автентикација од клиентот. Секако, примената на новите технологии треба да се одвива во согласност со законските прописи, анализата на ризиците од користењето на новата технологија и едукацијата на корисниците за начинот на нејзиното користење“, истакна Јанкоски и додава дека банките применуваат голем број заштитни механизми со кои обезбедува соодветна заштита, но препорачува и граѓаните да бидат крајно внимателни, како корисници на финансиските услуги, за да можат да ги препознаат ризиците од кибернападите, коишто во изминатиот период се зачестени.

„Народната банка постојано обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за тоа како да ги препознаат ризиците од кибернападите, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг). Канали преку кои доаѓаат сомнителните пораки се електронско сандаче, СМС, вибер-пораки, спонзорирани објави на социјалните мрежи и директни телефонски јавувања до клиентите. Најчесто, пораките доаѓаат од непознат број или адреса, а нивната содржина предизвикува потреба од итност во реакцијата. Во такви случаи препорачуваме граѓаните да комуницираат со банките исклучиво преку официјалните канали за комуникација и да ги следат советите на банките и на надлежните институции“, истакна Јанкоски.

 

 

Tags: кибербезбедностнародна банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ