• Latest

„Јастребот“ на Путин

May 7, 2022

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

„Јастребот“ на Путин

May 7, 2022 09:41
in ВЕСТИ, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во деновите по руската инвазија врз Украина, за Патријархот Кирил се напишани и изговорени многу анализи, бидејќи тој е еден од најрадикалните и долгогодишни „јастреби“ во Путиновото општествено-политичко окружување. Тој е водечкиот, а и најгласниот идеолог на „рускиот свет“ – практично, пресликан во агресивната националистичка политичка доктрина за „интересните сфери“ на Путин, започната и поддржана од Кирил уште со анексијата на Крим во 2014 година и руската интервенција во Сирија во 2015 – а во своите проповеди, кои често наликуваат на радикални политички пропагандни настапи под патријарховата накитена одора, редовно алармира за „надворешните непријатели“ и за „силите на злото“ коишто го загрозуваат опстанокот на Русија. Кирил постојано повикува на потребата за „историско будење“ на рускиот народ во остварување на „историската судбина“ и за покренување на „света војна“ против западната цивилизација, базирана на „геј паради“. Во 2015 година, Путин со закон ја забрани „геј-пропагандата“ во руските медиуми.

Патријархот е и најгласниот заговорник против западниот концепт на приматот на „човековите права“ во модерната демократија. Уште од 10-тиот собир на Светскиот руски народен совет – меѓународна организација што ја предводи самиот Патријарх – одржан во Москва во април 2006 година, Кирил ја пропагира тезата дека над човековите права, „диктаторски“ наметнати од Западот, стојат „верата, моралноста, светите места и татковината“. Со други зборови, човековите права можат и да се згазат доколку „верата“ или „татковината“ имаат поинакви приоритети на агендата. Според самиот Кирил, „хармонизирањето“ (како „симфонија“) на делувањето на Црквата и Државата во Русија се приоритет на неговото владеење како патријарх на РПЦ. Што, веројатно, го објаснува неговиот „морален“ однос кон руската инвазија врз братската христијанска Украина, па дури и кога тоа се прави со помош на платеници од Чеченија, Сирија и Либија.“

Извадок од анализата „Кој е патријархот Кирил, „јастребот“ на Путин? од Сашо Орданоски, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 21 април, 2022 год.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ