ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“, што ќе се одржи утре, 29 јуни, во хотел Парк Резиденс&Спа, Скопје, со почеток во 12 часот.
Говорниците, претставици на граѓански организации на панел дискусијата ќе зборуваат за јавната перцепцијата за граѓанските организации, каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“, колку се транспарентни во нивната работа и низа други прашања што се однесуваат на улогата и придонесот на граѓанските организации во политички и општествен контекст.
ЦИВИЛ постави и две прашања на Фејсбук страницата на организацијата каде побара во своите одговори граѓаните да бидат искрени што мислат за граѓанските организации и дали ги претставуваат фолиранти или прогресивци. Нивните мислења ќе бидат споделени на панел -дискусијата. Настанот ќе го модерира Зоран Иванов, а меѓу учесниците на панелот ќе присуствува и извршниот директор на МЦМС, Александар Кржаловски, Џабир Дерала од ЦИВИЛ, Валентина Дисоска, претседателка на Здржуение на бизнис жени, м-р Милан Петковски, претседател на Македонско здружение за заштита при работа, Ненад Јовановиќ, граѓански активист и колумнист на Слободен печат…
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика.
Панел–дискусијата е дел од активностите на ЦИВИЛ во програмата на ЦИВИКА Мобилитас.
Работниот јазик на настанот е на македонски јазик, но сите материјали потоа ќе бидат достапни на македонски, албански и англиски јазик.