Државната изборна комисија соопшти дека јавниот увид во податоците од Избирачкиот список ќе започне на ден 9 август 2018 година и истиот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.
Исто така во тој период можат да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список на веб страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија може да се најдат на следниот линк: http://www.sec.mk/kontakt/
МЛ