• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да не заборават дека никој не владее вечно, и да внимаваат на постапките – им порачаа граѓаните на властите

June 30, 2025

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да не заборават дека никој не владее вечно, и да внимаваат на постапките – им порачаа граѓаните на властите

June 30, 2025 12:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој петок, во утринските часови граѓанките и граѓаните го препознаваат слободниот простор на ЦивилМедиа во „Граѓанскиот форум“ – како завршница на прашањата на денот,  и без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Што им порачаа граѓанките и граѓаните на властите минатиот петок?

Една од најчестите пораки од граѓаните е оваа власт да си замине, не изостана ниту минатиот петок.

  • Да си заминат од власт.

  • Да си одат ВЕДНАШ!

  • Што побргу да си заминат

Граѓаните им порачаа на властите дека  никој не владее вечно па затоа да внимаваат со одлуките и постапките.

– Да не заборават дека Никој Не владеел вечно! Затоа внимателно со одлуките и постапките.

Во пораките на читателите на ЦивилМедиа, ретко се случува да има и говор на омраза или навредливи коментари, како што е случајот со минатиот петок. Редакцијата на ЦивилМедиа љубезно ги замолува читателите да се воздржат од навредливи изрази и говор на омраза, било да се насочени кон други читатели или кон редакцијата. ЦИВИЛ е отворен простор за прашања, одговори, квалитетна дебата од сите граѓанки и граѓани, но не толерира говор на омраза.

Коментарите со навредлива содржина и говор на омраза нема да бидат објавени на медиумската платформа.

Понатаму, граѓаните порачуваат дека сакаа департизација на институциите

Се залагам за департизација, сите кандидати за јавни функции да бидат независни, односно да не мора да припаѓаат на партија, гласи една од пораките.

  • Властите да соработуваат и со другите партии и да почнат да работат за граѓаните.

  • Република Северна Македонија е мултиетничка држава и повеќепартиска, и секој има право на припадност

  • Наместо здравството да се фокусира на решавање на хроничните системски проблеми, се вплеткува во теми што немаат никаква врска со реалните потреби на граѓаните.

  • Наместо образованието да го поправи срамниот резултат на ПИСА тестирањата, се занимава со промоција на поими што не се ни дискутирани со јавноста.

  • Наместо социјалната заштита да биде бастион на помош за ранливите, таа станува полигон за експерименти. Во меѓувреме, народот чека — во болници, во училници, во редици за социјална помош.

Ова се само дел од пораките што граѓаните ги оставија во коментари и пораки на петочниот граѓански форум на ЦивилМедиа.

Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден  и слободен простор ( каков што впрочем  со години е ЦИВИЛ) во кој тие  ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Тахири

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ