Во Велес денеска ќе се одржи Форумот за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите – комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“, во организација на УСАИД и Владата на Република Македонија.
На неколкуте најавени панел дискусии ќе се обратат со свои излагања министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, градоначалникот на Велес Аце Коцевски, директорот на канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес и претставници на политичките партии, како и стручњаци од областа и претставници на новинарски и медиумски организации. На форумот ќе бидат присутни и представници од ЦИВИЛ Центар за слобода кои ќе ги изнесат ставовите на организацијата.
М. Д.