• Latest

Јавните личности праќаат порака: Го сакам градот безбеден!

June 22, 2018
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавните личности праќаат порака: Го сакам градот безбеден!

June 22, 2018 11:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Глумци, пејачи, новинири, спортисти, водители и останати јавни личности… испратија заедничка порака „Го сакам градот безбеден“, и со тоа  даваат поддршка на новата едукативна активност на РСБСП која го носи токму овој наслов, а има за цел подигнување на сообраќајната култура и свест во секој град и во секое населено место во Македонија.

На  овој начин,  РСБСП со поддршка на јавните личности ги најавува двете  активности кои ќе се случуваат престојниот период. Станува збор за  кампањата „Недела за безбедност на сообраќајот“  во Охрид и во Битола. И двете, со ист наслов, со иста порака со исто мото –„Го сакам градот безбеден!“

– Во Република Македонија, во просек годишно околу 160 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а  околу 6000 лица се тешко повредени. Тоа значи  дека на секои два – три  дена по еден човек го губи животот во сообраќајна незгода, а по неколку лица на ден се тешко повредени и остануваат со траен инвалидитет како последица на сообраќајна незгода. Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност кај младите лица, укажуваат од РСБСП.

Главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со  тешки и фатални последици се брзото возење, возење под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните правила и прописи, неетичко,  некултурно, неодговорно, нетолерантно однесување во сообраќајот.

РСБСП и  сите јавни личности кои ја поддржа кампањата „Го сакам градот безбеден“ апелираат на поголема одговорност во сообраќајот, целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и  почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

– Пред нас е лето, време на одмори и забави, време за нови искуства и нови доживувања, а статистичките податоци и искуствата од минатите години  покажуваат дека бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во летниот период  двојно се зголемува. За безбедно лето, за безбеден сообраќај, бидете дел од кампањата „Го сакам градот безбеден“ и дадете го вашиот придонес за побезбеден сообраќај преку целосно и без исклучок,  почитување на сообраќајните правила и прописи, апелираат РСБСП и јавните личности кои ја поддржаа кампањата. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Го сакам градот безбеден!Јавните личностипорака
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ