Редакцијата на ЦивилМедиа јавно се извинува на вицепремиерот Арбен Фетаи за ненамерната грешка, односно за првичниот наслов: „По реакцијата на српската амбасада, вицепремиерот Фетаи го избришал од Фејсбук статусот за НАТО-бомбардирањето“. Немамерната грешка се случи затоа што изјавата не ја пронајдовме на неговиот Фејсбук профил, ниту на неговиот Х профил, а притоа не ја побаравме на неговиот фанпејџ на Фејсбук.
По само неколку миниту од објавата на текстот, ја корегиравме грешката: (КОРЕКЦИЈА) Реакција на Српската амбасада за изјавата на вицепремиерот Фетаи дека НАТО-бомбардирањето на Југославија стави крај на страдањата на угнетениот народ на Косово.