Голем е интересот на новинарите и медиумите, а преку нив и на целата јавност за средбата помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои договарат датум за парламентарните избори.
Засега нема официјални имформации, а средбата изгледа уште ќе потрае, но партиски извори брифираат новинари дека разговорот се води околу 8 јули како можен датум за парламентарните избори. За прв пат партиските водачи ценат дека изборите би можеле да се одржат во среда а не во недела, со цел граѓаните да бидат во нивните живеалишта а не на викенд одмори надвор од градот. Неофицијално се дознава дека Мицкоски на средбата инсистира да добие недела или две повеќе од датумот кој го предложил Заев.
Вечерашната средба доаѓа по јавниот повик на претседателот Стево Пендаровски, кој денеска одлучи да не ја продолжи вонредната состојба. Но Пендаровски изразил подготвеност да прогласи ден, два или три дена вонредна состојба доколку тоа е потребно за поклопување на роковникот за изборите.