• Latest
Болница (фото: МЕТА.МК)

Јавното здравство „на апарати“: Ги влече старите хронични болести, а закачи и нови бактерии

January 2, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Јавното здравство „на апарати“: Ги влече старите хронични болести, а закачи и нови бактерии

January 2, 2025 09:17
in АНАЛИЗИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Болница (фото: МЕТА.МК)

Болница (фото: МЕТА.МК)

Share on FacebookShare on Twitter

Ресорот здравство изминатата година го мачеа хроничните болести кои веќе одамна ги има, а патем закачи и нови бактерии, му колабираа белите дробови па сега како да функционира „на апарати“, се вели во анализата на новинската агенција Мета.мк. За сите овие болести, сè уште се бара лек. Годината ја одбележаа низа случувања во најважниот ресор во државата (заедно со образованието), меѓу кои епидемија на веќе истребена болест, колапс на компресорската станица во најголемиот клинички центар, одлив на кадри, протест. Патем, конечно се прошири позитивната листа на лекови, што беше долгонајавувано од неколку министри.

Епидемија на голема кашлица

Најпрво, годината започна со појава на прв случај на пертусис или голема кашлица, болест која кај нас беше речиси истребена десетици години. Но, поради неажурноста на родителите и антиваксерските движења, ни се врати на голема врата. Иако кон крајот на 2023 година во соседна Србија имаше стотици случаи на болеста, македонските власти не преземаа чекори да ја превенираат епидемијата. Така, уште во првите неколку месеци од 2024 година беа регистрирани безмалку 5.000 деца само во Скопје кои пропуштиле некоја од дозите за пертусис. Откако бројот на заразени почна драстично да се зголемува, Комисијата за заразни болести предложи да се прогласи епидемија на голема кашлица, а во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца. До денеска, сè уште Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентира нови случаи на голема кашлица, а активни се епидемиите и во Скопје и во Куманово.

Колапс на компресорот

Најголемиот проблем кој ја одбележа годинава е колапсот на компресорската станица во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој се случи на крајот на мај. Со месеци, Градската општа болница „8 Септември“ и Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“, поради затворените операциони сали на Клинички, беа преоптоварени со работа, а имаше и денови кога во Градска болница се правеа и по 150 итни операции во само една недела.

И на крајот на годината во хируршките сали на Клиничкиот центар интервенции се изведуваа само врз пациентите кои се итни случаи. Иако министерот за здравство Арбен Таравари најави дека до Нова година ќе се постави нов компресор и работата во хируршките сали ќе се нормализира, тоа не се случи. Првиот тендер кој беше објавен летоска во јули пропадна бидејќи ниту една компанија не се пријави. Во август беше објавен втор тендер и избрана е фирма, но сè уште не е инсталирана компресорската станица.

„Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен“, рече министерот Таравари во септември.

Медицинскиот кадар заминува од државата

Она што и во 2024 година се прелеа како проблем од претходните години е тоа што нема доволно специјалисти во јавното здравство. Докторите предупредуваа дека имаат специјализанти, кои на крајот, кога ќе завршат со специјализацијата, или се вработуваат во приватните клиники или пак, си заминуваат да работат во странство. Здравството во континуитет низ годиниве е исправено пред проблемот со недостиг од млад кадар кој си заминува на работа надвор од земјава, па тешко се наоѓа соодветен кадар кој ќе работи во болниците и ординациите. Овој проблем е изразен посебно во помалите градови и во руралните средини. Ова беше нагласено и во последниот извештај на Европската комисија, во делот кој се однесува на јавното здравство.

„Нема доволно специјалисти, а соодносот на медицински сестри на 100.000 жители е под просекот на ЕУ. Медицинскиот персонал продолжува да го напушта јавниот здравствен сектор во приватниот сектор или да работи во странство. Трошоците за здравствена заштита што граѓаните ги плаќаат од џеб се високи, што е пречка за еднаков пристап на здравството. И покрај постоењето на апликација за е-здравство, упатувањата се уште се вршат на хартија, а апликацијата не е интероперабилна со податоците на ФЗОМ“, наведено е во годинашниот извештај на Европската комисија.

Министерот Таравари во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик изјави дека „итно и неодложно“ на Македонија ѝ се потрбни „минимум 1.000 лекари“ до крајот на 2025 година.

Синдикален протест

Во април, лекарите и медицинскиот персонал на Клинички центар протестираа пред Министерството за здравство во поддршка на специјализантите кои се вработени хонорарно. Протестот го организираше Синдикатот на Клинички центар. Медицинскиот персонал бараше да се трансформира работниот однос за да може да имаат пензиско и здравствено осигурување. Епилог од оваа нивна реакција е најавата за трансформација на работниот однос, кој според Таравари, требаше да се случи до 31 декември, но не е јасно дали воопшто започна.

Инаку, Арбен Таравари седна во министерската фотелја во јуни по парламентарните избори на кои победи партијата Влен (Вреди) каде тој е еден од ко-претседателите. Таравари беше министер за здравство и претходно, од јуни до септември 2017 година кога неговата Алијанса за Албанците влезе во владата на тогашниот премиер Зоран Заев.

Проширена позитивната листа како ретка позитивна вест

Една од ретките позитивни вести во јавното здравство во 2024 година беше проширувањето на позитивната листа. Иако се чини дека тоа е повеќе по заслуга на претходната Влада. Проширувањето со нови девет лекови по долги најави се случи во август 2024 година. По 2009 година, само во 2014 година на оваа листа бил додаден еден лек. Таравари најави дека во февруари 2025 ќе има ново проширување на листата, но дали ќе го одржи ветувањето, останува да се види.

Крајот на годината го одбележаа и нови подвизи на наши доктори. Така, неодамна на Клиниката за ортопедија, за прв пат беше извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата беше извршена кај 47 годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива. Трансплантацијата беше извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Здравството е ресор кој е за ремонт. На тоа се укажува и во извештаите на Европската комисија секоја година. Многу од проблемите се решливи, како на пример, паркингот на Клинички, кој е рак рана со години, но, за да се реши, потребна е волја на властите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ