• Latest

Една година од упадот и насилствата во Собранието

April 27, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Една година од упадот и насилствата во Собранието

April 27, 2018 07:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Една година по настаните во Собранието на Република Македонија во јавноста се уште не е докрај јасно зошто и како се случија насилствата, дали има нарачатели, кој се е вмешан, дали изборот на претседател на Собранието беше иницијалната нишка или нешто друго е во прашање… И онака кревката демократија во Македонија, по долгата политичка криза, беше ставена можеби на финалниот тест. Не само за политичарите, за сегашната власт и опозицијата, туку и за граѓаните. 

Како потсетување и предупредување, и во потрага по вистината и прадата, токму денеска во Кривичниот суд ќе се гледаат видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април на рочиштето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, кој беше најтешко повреден во овие настани. За нападот на Села се обвинети десет лица. 

Лекарската помош по насилствата на 27 април во Собранието, според извештајот на МВР побарале 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници.

Собрание тепачки Заев

Настанот се случи по завршувањето на пленарната седница, кога сега владејачкото мнозинство пристапи кон избор на претседател на Собранието, по четиримесечната блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Пред зградата на Собранието протест одржуваа граѓани предводени од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои се спротиставуваа на изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието, но и на т.н. Тиранска платформа. Протестите на „За заедничка Македонија“ траеја со денови пред настанот, кој се третира како најнегативен во македонската демократска историја.

Изборот на Џафери започна по 18 часот со пеење на албанската химна од говорницата од страна на пратеник од Беса. Потоа започнува изборот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа избори и ја пееја македонската химна. Сепак, претседателот на Собранието беше избран. Потоа тој заедно со тогаш мандатарот, сега премиер Зоран Заев и со пратениците од СДСМ и ДУИ се упатуваат кон прес-центарот на Собранието за да одржат прес-конференција.

Во моментите кога Заев почнува да зборува на прес-конференција се отвораат вратите на главниот влез во Собранието. Обвинети за тоа се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои подоцна беа притворени. Во зградата, како и во пленарната сала влегуваат граѓани кои протестираат пред објектот, а меѓу нив и група маскирани лица. Полицијата не реагира соодветно, а маскираните се упатуваат кон прес-центарот каде што се случуваат главните насилства. Повредени се сега веќе премиерот Зоран Заев, сегашните министри Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Дамјан Манчевски и Максим Димитревски.

Собрание тепачки

Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција на 27 март годинава до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

Обвинетите, според Јавното обвинтелство го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните. ЈОРМ смета дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија. Запрена е постапката против пратеничката Жаклина Пешевска, која исто така ббеше осомничена за упадот, бидејќи не се обезбедени докази за сторено кривично дело.

Со обвинителниот акт, меѓу останатите се опфатени три лица, припадници на МВР, кои биле носители на златна и сребрена команда. Во обвинението е наведено дека на 27 април едно лице преку телефонски повик во 14:30 часот било известено да ја почне акцијата и заедно со уште неколкумина обвинети го мобилизирале членството од Скопје и од другите градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е обезбеден и заштитетен од полициските сили.

Во обвинението се опфатени и други лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“. Истовремено во објектот на законодавниот дом еден од обвинетите пратеници телефонски разговарал со едно од обвинетите лица кои биле пред вратата со што се утврдува координација. По телефонската комуникација, сега обвинетите петмина пратеници, заедно со тројца обвинети службени лица од обезбедувањето на Собранието отвориле две влезни врати со отстранување на двете заштитни греди и овозможиле влез на лицата со фантомки и на насобраните граѓани. Потоа ги насочувале останатите обвинети кон пленарната сала „Македонија“ и кон прес-салата во Собранието.

Собрание протести тепачки

Обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата при што започнале насилство, фрлајќи предмети кон пратениците и кон новинарите.

– Во прес-центарот додека траело насилството и нападот од обвинетите, едно од обвинетите лица се насочило кон пратеникот Зоран Заев, посегнал по пиштолот што го носел со себе, но не испукал затоа што оштетениот бил заштитен од обезбедувањето и од другите присуни лица, стои во обвинението. Обвинетите ги користеле сите предмети до кои дошле за да им нанесат повреди на оштетените пратеници и новинари, а поставиле и две импровизирани експлозивни направи во законодавниот дом.

Собранието, претходно, на 1 декември минатата година со мнозинство гласови „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски (66 гласа „за“), Крсто Мукоски (67), Љубен Арнаудов (66), Сашо Василевски (67), Жаклина Пешевска (66) и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски (67) на денешната седница. Барањето беше поднесено од надлежниот орган – Основен суд Скопје 1, Одделение за организиран криминал и корупција и сега судот може да пристапи кон одлучување по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое што бара одредување мерка притвор за пратениците. Се гласаше поединечно за секој пратеник, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присутвуваа на гласањето.

Шестмината пратеници се осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

Собрание тепачки

Сепак, иако помина еден месец од поднесеното обвинение, Советот за оценка на обвинителниот акт при Основниот суд Скопје 1, сè уште се нема произнесено дали ќе го прифати и ќе почне постапка за настаните во Собранието.

За насилатвата на 27 април, се води псотапка за обидот за убиство на Зијадин Села во Кривичниот суд се води судска постапка. И денеска точно на годишнината од случувањата на 27 април минатата година ќе се одржи рочиште. За овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.


Извор: МИА

Tags: 27 априлнасилствоСобраниеупад
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ