Неколку лица се повредени во експлозија на нуклеарна централа во Франција, пренесува Индипендент.
Француските власти соопштиле дека не постои нуклеарен ризик по експлозијата во Фламанвил која се случи утрово во 10 часот по локално време.
Официјалните лица на ЕДФ-енергија, кои раководат со фабриката, изјавиле дека експлозијата се случила во една од просториите со машини и потврдија дека нема протекување на радиоактивни материјали. Служби за вонредни состојби се на местото на експлозијата.
Нуклеарката во Фламанвил, која се наоѓа на полуостровот Контентин во Ла Манш, има два реактора изградени во 1980 година, и трет реактор кој е во фаза на изградба, по серијата одложувања.
Стотици луѓе се приклучија на протестите против реакторот, што треба да биде вклучен во 2018 година.