• Latest

Експертската јавност бара вклучување во реформите во системот за заштита и спасување

April 9, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Експертската јавност бара вклучување во реформите во системот за заштита и спасување

April 9, 2018 09:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Научната и експертска јавност во земјата бара вклучување во реформите на системот за заштита и спасување што би подразбирало измени на соодветната легислатива и, меѓу другото, би опфатило и спојување на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На дебатата што во рамки на „Научната среда“ беше организирана од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) присуствуваше и националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Павле Трајанов, кој најави дека наскоро на владина седница би требало да биде усовена анализа за состојбите и да бидат предложени реформи на целокупниот систем за управување со кризи.

Трајанов се согласи со дел од учесниците дека е потребно вклучување на експертите и оти се потребни реформи на овој систем имајќи предвид дека вака како што е поставен, како што посочи, не се знае кој за што е одговорен во услови на криза.

– Постои дуализам, постојат ривалитет и постои некоординираност во овој систем за управување со кризи. Овој систем треба да почне со превенција, но тоа е широк поим. Што значи превенција? Една од превенциите е, на пример за земјотресите, квалитетот на градбата, за поплавите чистењето на системите за наводнување, реките, езерата, таму дали имаме интегрален систем за управување со води итн, кој што не постои, значи многу сегменти во контекст на оваа работа, рече Трајанов, на дебатата посветена на „Имплементација на националната платформа за намалување на ризици од катастрофи“.

Едно од решенијата е, како што кажа, двете клучни институции ЦУК и ДЗС да се интегрираат бидејќи постои дуализам. Според Трајанов, нема прецизна законска регултива кој е тој што ќе управува во услови на криза, кој ќе ги собира информациите и каде ќе се достават, каде ќе се обработат, кој ќе ја направи проценката, па друга институција треба да ја разгледува проценката и таа да прави проценка на проценката итн.

– Мора да има некој што ќе ги води овие процедури, ни треба еден штаб за проценки, што ќе управува, што ќе ангажира ресурси. Тука зборувате за воените аспекти… дали овој систем што сега се подготвува е компатибилен со системот во услови на војна, кои се тие ресурси што ги предвидвидува армијата во услови на војна или криза и што предвидува овој цивилен систем…, рече, меѓу другото, Трајанов.

Според доц. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, мигрантската криза покажала дека системот за кризи е нефункционален, како и последните земјотреси, невремето и поплавата во Скопско…

Дел од решенијата во системот за безбедност, според него, не го положија испитот на ефикасност во услови на закани, кризи и елементарни непогоди и други безбедносни ризици со кои соочуваме речиси секоја година. Поради тоа, како што посочи, се наметнува потребата за редефинирање на поставеноста на безбедносниот систем на Република Македонија, бидејќи тој е нефункционален и преку неговото рекомпонирање треба да се создадат механизми за превенција и за ефикасен одговор а ризиците и заканите.

Во делот на управување со кризи, заштита и спасување Ѓуровски смета дека неодржлива е состојбата во која постојат две, меѓусебно зависни но сосема одвоени тела. Предизвик со кој се соочуваме, вели тој, е неприродната институционална подвоеност која резултира со преклопување на надлежностите меѓу ЦУК и ДЗС.

– Со одделување на одлучувањето од ресурсите како и стратешките од оперативно-техничките капацитети, се доведува во прашање ефикасноста, навременоста и соодветноста на одговорите на цивилните ризици и опасности, рече тој додавајќи дека е потребно редефинирање на системот за управување со кризи, заштита и спасување преку обединување на двете дирекции, ЦУК и ДЗС, во единствена институција со која ќе раководи Владата, како прва реална опција, додека другите можности би биле таа биде под капата на Министерството за одбрана или Министерството за внатрешни работи.

Обединувањето на ЦУК и ДЗС треба да ја реши потребата од систем за рано предупредување, од механизми за брза и ефикасна превенција и справување и елиминирање на кризна состојба, рационална и ефикасна употреба на ресурси, воспоставување на јасна координација на надлежностите за соработка, ажурирање на безбедносни закани и безбедносна политика и градење на стратегиска култура и враќање на довербата на граѓаните во инстиитуциите на системот.

Дел од професорите и експертите на дебатата сметаа дека во системот за заштита и спасување свој удел треба да имаат и локалните самоуправи.

Д-р Никола Ѓоргон, кој зборуваше за структурно-функционалната поставеност и меѓународната позиционираност на Националната платформа, кажа дека миграциската криза покажала дека овој систем функционира, со што не се согласија дел од учесниците на дебатата. Според него, во пожарите од 2007 година се покажало дека, сепак, има одредени недостатоци, дека тој е реактивен систем, дека постои недоволна институционална координација, непостоење на издржани методи за проценка, а недостатоци има и во делот на носењето одговорност, а има и ограничени ресурси. Тој ја спомена и граѓанската неодговорност. Вклученоста на академската јавност и инстуциите, според него, е исклучок а не правило.

Проф. Валентин Мирчески од Институтот за хемија посочи дека системот страда од состојбите во општеството. Според него, нема да биде можна имплементацијата на националната стратегија без вклучување на експертската јавност.

На есен во Македонија треба да се одржи вежба – симулација на поплава врз основа на платформа од САД за која деновиве во Скопје се одвиваа подготовки, најави проф. Методија Дојчиновски од Универзитетот „Гоце Делчев“.

И според него, има недоволна координација меѓу институциите во Македонија во однос на заштитата и спасувањето. Избегнувањето дуплирање активности би значело и заштеда на пари, смета тој.

Едукацијата на граѓаните и младите, според него е исто така важна. Посочи на примерот на Полска, која има Универзитет и средни училишта кои се занимаваат токму со прашања за заштита и спасување во услови на кризи и катастрофи.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити смета дека Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е добра основа, но оти треба да претрпи корекции и оти нам ни фали имплементација. Сепак, смета дека Македонија е на „нула“ во однос на превенцијата и раното предупредување од кризи и катастрофи. Според Саити, локалната самоуправа треба да биде вклучена во овој систем, а не да биде само дојавувач кога нешто ќе се случи или доколку постои опасност.

Националната платформа на РМ за намалување на ризици од несреќи и катастрофи беше воспоставена во 2009 и согласно насоките на UNISDR беше замислена како национално дизајнирана и управувана алатка за координација на сите носители на одговорности во доменот на намалување на ризици од катастрофи.

Елизабета Велјановска Најдеска

Извор: МИА

Tags: ДСЗекспертиреформиЦУК
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ