Естонија од 1 јули го презеде од Малта шестмесечното ротирачко Претседателство со Европската унија, откако по Брегзит, Велика Британија се откажа од претседавање.
„Веруваме дека во Европа постои широк консензус, за да можеме да одговориме на сите предизвици и да ги искористиме сите можности коишто ни се нудат денес. Мора да поттикнуваме отвореност на општеството и на стопанството, а истовремено, да обезбедиме заштита и сигурност. Нашата улога е да пронајдеме рамнотежа меѓу различните погледи, традицијата и интересите во денешна Европа, за да постигнеме најдобри можни резултати за европските граѓани“, соопшти естонската Влада.
Четири приоритети се темел на програмата на Владата на Естонија: отворено и иновативно европско стопанство, сигурна и заштитена Европа, дигитална Европа и слободен проток на податоци и одржлива Европа.