Министерството за надворешни работи одржа политички консултации меѓу делегации од македонското и швајцарското министерство за надворешни работи, кои ги предводеа државниот секретар, Виктор Димовски и заменик државниот секретар, Кристина Марти Ланг.
Консултациите се одржаа како дел од работната посета заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, Кристина Марти Ланг, во Македонија, на 19 и 20 февруари.
Разговорите опфатија повеќе теми од заеднички интерес, како што се развојот на билатералните политички односи и на економската соработка, Швајцарската развојна програма во Македонија, ЕУ и НАТО перспективите на Република Македонија, односите на Република Македонија со соседните земји, односите Швајцарија-ЕУ, соработката меѓу двете земји на мултилатерален план…
Како што се вели во соопштението од МНР, Димовски и Марти Ланг ја реафирмирале подготвеноста на Македонија и Швајцарија за натамошно унапредување на политичките односи меѓу двете земји и за поттикнување на економската соработка.
МЛ