• Latest

ЈО-ДКСК: договорена интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес

March 13, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ЈО-ДКСК: договорена интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес

March 13, 2024 18:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители денеска остварил средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на која биле разгледани можностите за подобрување на соработката меѓу двете институции, соопшти ЈОРСМ.

Претставниците на Јавното обвинителство и на ДКСК, како што е наведено во соопштението, се договориле да го разгледаат и да дадат конкретни предлози за подобрување на Меморандумот за соработка меѓу двете институции, да одржуваат почести состаноци и интензивно да се координираат при постапувањето по предметите со цел да се избегне удвојување и нарушување на тајноста на постапките и пресумпцијата на невиност.

-Од заеднички интерес е да соработуваме и да комуницираме, се согласија јавниот обвинител Коцевски и претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, кои договорија и интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес, во согласност со надлежностите на обвинителствата и на комисијата. Тие заеднички дискутираа и за ефектите од последните измени на Кривичниот законик во тековното работење на двете институции, се наведува во соопштението.

Од ЈОРСМ информираат дека во периодот од 2019 година се до февруари 2024 година, до обвинителствата се доставени вкупно 58 иницијативи од ДКСК. Притоа, еден дел од нив се уште се во работа, бидејќи повеќето од овие иницијативи се поднесени во последните две години – 12 се поднесени во 2022 година, 29 или половина од вкупно поднесените се од минатата 2023 година и 2 се од почетокот на годинава. Сите постари иницијативи, освен една, се веќе решени, а по поголем дел од поновите се постапува и се преземаат дејствија, пренесе МИА.

-Врз основа на овие иницијативи, во 2021 година е оформен предмет во ОЈО Тетово во кој има пресуда против градоначалник на општина Боговиње за член 353 од Кривичниот законик. Во мај 2023 година, ОЈО Битола поднело обвинителен предлог против едно лице врз основа на иницијатива од ДКСК поднесена во 2022 година за кривично дело од член 353-в став 1, а предметот е во фаза на судење. Исто така, ОЈОГОКК неодамна поднесе обвинителен предлог поврзано со иницијатива од ДКСК во предмет кој ќе го застапува ОЈО Струга, се посочува во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ