• Latest

ЈО ќе поднесе жалба по условната казна за сообраќајката кај Млечен

September 7, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЈО ќе поднесе жалба по условната казна за сообраќајката кај Млечен

September 7, 2020 12:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство ќе вложи жалба до Апелациониот суд Скопје, по приемот на пресудата по предметот за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечен ресторан за која е изречена условна казна.

Во јавноста изминатите неколку дена се отвори голема дебата, откако судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје на 4 септември годинава, изрече условна осуда на предизвикувачот на сообраќајната несреќа во која на 12.10.2018 година животот го губи 32-годишен возач на мотоцикл, а неговата бремена сопруга е тешко повредена и како последица подоцна го губи бебето.

Од Јавното обвинителство, денеска информираат дека е разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и е констатирано дека по целосна анализа на сите околности кои се од значење за изречената кривична санкција, обвинителството одлучило по приемот на писмено изработената пресуда во овој предмет да вложи жалба до Апелациониот суд Скопје.​

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст од 63 години, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

Во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител беа преземени сите потребни истражни дејствија – испитување на обвинетиот, испитување на оштетената, изготвување на сообраќајно-техничко вештачење, изготвување на медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите на оштетената и прибавување на обдукцискиот протокол од извршената обдукција на оштетениот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа, се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинителниот предлог се однесува на кривично дело извршено на 12.10.2018 година, околу 16 часот, кога обвинетиот управувал со патничко моторно возило Цитроен кросер по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока од запад кон исток.  Кога дошол на крстосницата со улица „Анкарска“, на која сообраќајот е регулиран со семафор, на вклучено зелено светло навлегол во лево за да се вклучи на коловозот на улица „Анкарска“, но тука постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па не го испочитувал поставениот сообраќаен знак – забрането свртување кон лево, го променил правецот на движење и свртел кон лево. Притоа, со предниот лев дел од возилото удрил во левото тркало од моторциклот марка Дукати, сопственост и управуван од оштетениот, а на кој како сопатник била неговата сопруга. При сударот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран, но од тежината на повредите починал истиот ден. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата сопруга, појаснува Обвинителството.

-Од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол. Сообраќајните пропусти надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од извршеното сообраќајно-техничко вештачење, истакнува Обвинителството.

Видот на повредите кои оштетениот ги здобил во сообраќајната несреќа и кои предизвикале смртен исход, надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од обдукцискиот протокол изготвен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, додека видот и карактерот на повредите на оштетената, јавниот обвинител ги исцрпи од медицинското вештачење врз основа на претходно обезбедената медицинска документација, се додава во соопштението.

Непосредно пред завршувањето на судската постапка, од страна на полномошникот на оштетените  на јавниот обвинител кој го застапуваше обвинението, се нагласува во соопштението, му беше предадена нова медицинска документација која се однесуваше на оштетената и нејзината бременост. Оваа медицинска документација, надлежниот јавен обвинител ја приложил во дополнение на доказната постапка пред судот. По признанието на вина од страна на обвинетиот јавниот обвинител, во завршен збор, детално направли анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици кои што настапиле од сообраќајната незгода, како во поглед на смртниот исход кај еден оштетен и предизвикувањето тешки телесни повреди кај оштетената, утврдени врз основа на обезбедените докази во претходната постапка и приложени со обвинението, така и во поглед на новоприложената медицинска документација, се вели во соопштението од ОЈО.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ