• Latest

ЈОРСМ: Иднината на истражниот центар на СЈО треба да се реши со нови одредби

November 6, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЈОРСМ: Иднината на истражниот центар на СЈО треба да се реши со нови одредби

Неодамна започна имплементацијата на 18 месечниот ИПА Твининг проектот насловен како „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар‘‘, чија цел е подобрување на ефикасноста и ефективноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата против криминалот.

November 6, 2019 12:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, велат  од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Посочуваат дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија нема надлежност да решава за овие прашања.

Неодамна започна имплементацијата на 18 месечниот ИПА Твининг проектот насловен како „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар‘‘, чија цел е подобрување на ефикасноста и ефективноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата против криминалот.

Проектот е составен од три компоненти и е наменет за поддршка за формирање на истражни центри во Основното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал и корупцијата и канцелариите за јавни обвинители со проширена надлежност кои имаат најголем број предмети (ОЈО Скопје, ОЈО Куманово, ОЈО Тетово).

Министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на стартот на проектот истакна дека истражните центри претставуваат најзначајната алатка во рацете на обвинителите и оти крајната цел на овој проект е да се постигнат ефикасни и мултидисциплинарни истраги кои ќе обезбедат цврсти докази за обвиненија кои ќе бидат презентирани пред судовите.

Во врска со распределбата на предметите од СЈО, од републичкото Јавно обвинителство велат дека во континуитет се распределуваат предметите кои се во истражна, како и оние кои се во предистражна постапка.

– Зависно од обемот, сложеноста на секој предмет поединечно, можно е во дел од предметите да се распределат и други јавни обвинители кои заедно ќе постапуваат во нив, посочуваат од ЈОРСМ.

Овластувања за постапување по предмети, како што потсетуваат, им се дадени на јавни обвинители кои беа распоредени од СЈО во основните јавни обвинителства, а приоритетно јавни обвинители се распределуваа во предметите кои се во фаза на судење, од причина што беше неопходно да се обезбеди непречен тек на постапката.

Од ЈОРСМ велат дека безбедноста на предметите од СЈО е обврска на јавните обвинители кои се распределени да постапуваат по нив, а контролата над спроведувањето на овие безбедносни мерки ја вршат двајца јавни обвинители.

-Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите продолжува да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори. Контролата над спроведувањето на овие мерки ја вршат двајца јавни обвинители, велат од ЈОРСМ.

Посочуваат дека со преземањето на надлежноста за постапување во предметите од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се применуваат и важат одредбите на законите кои се релевантни и за другите предмети од обвинителствата. Па така, согласно со Законот за јавно обвинителство, во втор степен, односно пред Апелацискиот суд постапува јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство, па со оглед на тоа во предметот „Титаник 2“ пред Апелација застапник на Јавното обвинителство е јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје.

Од републичкото Јавно обвинителство апелираат за побрзо донесување на новиот Закон за јавно обвинителство, бидејќи одложувањето на неговото донесување не оди во прилог на заложбите за ефикасна, независна борба против криминалот во државата.

-Потребни се нови решенија со кои Јавното обвинителство ќе може целосно да одговори на задачите, но и да ги спроведува постапките на ефикасен начин. Со оглед на тоа што донесувањето на новото законско решение е обврска на законодавниот дом, апелираме на заложби за донесување на Законот за јавно обвинителство со кој ќе се обезбедат меѓународните стандарди и принципи за нашето работење, велат од ЈОРСМ. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ