„Не само што има пропаганда, таа обично доаѓа од некои центри на моќ кои што секогаш се поврзани со тие антиевропски и клаустофобични приказани кои што се внатре во земјата. Тие секогаш се поврзани со некакви спинувања околу традицијата, а никогаш не се приказни кои се широки, кои се отворени“, вели активистот Ненад Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа.
„Секогаш ние сме нападнати од некого, така беше приказната со мигрантите, така е приказната со некои странци и таа ксенофобија и хомофобија, дека секогаш тоа традиционално ткиво кога е затворено во себе секогаш е нападнато од некои странски позиции, арно ама тие се најчесто дезинформации.
Земјата има две опции или ќе се затвара или ќе се отвара. Сите што се плашат од таа култура на отвореност најчесто од тие сајтови и од тие медиуми доаѓа пропагандата и дезинформациите. Она што е ултра-конзервативно, она што е затворено во себе тоа секогаш се плаши од отвореност од широчина и тука ги детектирам дезинформациите и пропагандата која е поприлично брутала и секогаш е персонализирана на лична основа“, вели Јовановиќ.
Тој додаде дека на ист начин Бугарија ги негира македонскиот јазик и идентитет, како што Путин ги негира Украинците.
Разговорот го водеше: Дијана Тахири
Обработка на текст, камера и монтажа: Дехран Муратов