• Latest

Јовановиќ: Победата на Трамп негативно ќе се одрази врз македонската економија

November 10, 2024
Фото: Скриншот

„Изгорената кожа на повредените од пожарот во Кочани не е рекламна табла“ – Вучиќ доби кривична пријава од студентите на блокада

June 17, 2025
Фото: Скриншот

Трамп го напушти Г7 предвреме – кои се неговите опции за справување со Иран?

June 17, 2025

Мицкоски најавува решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи

June 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Над 50 Палестинци убиени чекајќи камиони со хуманитарна помош

June 17, 2025

Наташа Кандиќ им порача на српските „Блокадери“ на Видовдан да положат цвеќе на гробовите на 75 деца од Косово во гробницата во Батајница

June 17, 2025
Фото: монтажа од скриншоти од Фејсбук профилот на руската амбасада во Северна Македонија

Потпретседателот на Владата Стоиљковиќ и врвот на МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“ на забавата кај Баздникин

June 17, 2025

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

June 17, 2025
Лидерите на Самитот Г7 во Канада. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Г7 повикаа на „деескалација“ на Блискиот Исток, вклучително и прекин на огнот во Газа

June 17, 2025

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

June 17, 2025

Капитулација

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јовановиќ: Победата на Трамп негативно ќе се одрази врз македонската економија

November 10, 2024 11:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за меѓународни економски студии.

Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.

– ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.

Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.

– Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина… Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.

Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент.

– Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    501 shares
    Share 200 Tweet 125
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ