Според Јавниот обвинител Љубомир Јовески, сите инволвирани лица во конкретниот случај „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка.
„Не постапуваме селективно и никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело. Нагласувам дека во конкретниот случај се работи исклучиво за криминално дело”, вели Јовески.
Во тек е истражната постапка за овој случај и истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се уврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот“, изјави Јовески.
Јовески додава дека обвинителството постапува неселективно и ја уверува јавноста дека инволвираните во „Рекет” ќе бидат сослушани или испитани, вклучувајќи ја и Катица Јанева и Лиле Стефанова, а по целосно завршување на истрагата, согласно законот ќе се донесе јавнообвинителска одлука. Покрај другите докази, Јовески изјави дека за овој случај обвинителството располага со ауио и видео содржини.