• Latest
Добро утро со Орданоски

Каде е „нултата точка“ на аферата „Рекет?

November 25, 2019

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Каде е „нултата точка“ на аферата „Рекет?

Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!

November 25, 2019 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во петокот, мојот драг колега кој ја покрена аферата „Рекет“ врз основа на добиените снимени материјали од г. Јордан Камчев, продолжи (АФЕРА „РЕКЕТ“ Можно ли е Спец Катица да е уценета?!) да ја авансира тезата дека, во основа, во скандалот се работи за организирана група од тројца рекетари, поврзани со соработници на премиерот (а и со самиот него), кои од бизнисменот „заглавен“ во сопствените кривично-правни проблеми, сакале, по пат на изнуда, да добијат милиони евра. Имало и други бизнисмени кои на сличен начин биле рекетирани.

Тоа е наративот што мојот драг колега го форсира со месеци, а кој во „првиот дел“ („тројца рекетари“) го прифати и Обвинителството во својот обвинителен акт. И за мојот драг колега и за Обвинителството „нултата точка“ на случајот е моментот во кој г. Камчев им дал аудио и видео материјали со кои ја поткрепил својата кривична пријава. Обвинителството дури не беше ни заинтересирано да го подигне обвинението ОТКАКО ќе ги слушне изјавите на првообвинетите.

И од тогаш – наваму, целата јавност е ставена во „тунелот“ на третирање на скандалот само низ оваа оптика. Секој кој размислува поинаку мора да е експлицитно или имплицитно замешан во дружината рекетари. Катица Јанева – а, „ipso facto“, и целото СЈО, особено по објавувањето на срамно високите бонуси кои се делеле во СЈО – е толку дискредитирана, што најдобро би било да се фрли од балконот на кој некни ја сликаа. Атмосферата на линч е доведена до усвитување. Мојот драг колега, во кики-фрики стилот на врвен општествен морално-политички и правен арбитер дури и шпекулира „за улогата на некои познати новинарски имиња во јавното легитимирање на целата рекетарска операција“. Рој Бин шета наоколу и бара дрво на кое ќе се обесат рекетарите и нивните имплицитни и експлицитни соработници (пријатели, обвинители, новинари, политичари, членови на семејствата и тн.) и од другите области на нивното „нерекетарско“ живеење и делување. Всушност, бидејќи обвинетите се веќе „докажани рекетари“, сите околу нив се помагачи на рекетот. Што не важи за г. Камчев и оние кои него јавно го „легитимираат“.

Морално-политичките последици од аферата, со право, се погубни и за тоа веќе се напишани илјадници трактати; но, на Суд нема да се суди за дизајнерските интервенции во фоајето на домот на Камчеви, ниту за карактерот и изгледот на обвинетите (алчни, наивни, глупави, декадентни, селанчиња, ботоксирани, дебели, арогантни и сл.). На Суд ќе се суди дали, врз основа на фриволни телефонски блебетања од страна на двајца гуланфери, е извршена изнуда, со учество на врвен државен функционер, врз основа на докази – од она што, до сега, го видовме и чувме како ДОКАЗ, не е исклучено дека Обвинителството ќе има голема мака да го добие случајот во своја корист.

Имено, двајца од главните наводни рекетари се долгогодишни џет-сет другарчиња на г. Камчев, со историја на меѓусебни деловни и други односи во кои темата за рекетирање мора да се јавувала во разни контексти, по разни поводи, па не е јасно кому прв му текнало дека со пари може да се купи слобода… Парите, пак, не се најдени, ја нема дури ни транспортната монденска чанта со која се фрцка Боки 13. Интерпретацијата на самиот заговор се потпира врз снимени телефонски рекла-казала долги договарања и озборувања меѓу наводно оштетениот и наводните рекетари. Во јавноста протекоа и видео-снимки од кои никако не може да се донесат цврсти заклучоци за „текот на парите“. Како што разбравме, има и посредни докази за обемни трошења и луксузирања кои, наводно, се поклопуваат со периодот кога се земал рекетот…

Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!

Можеби да, можеби не, тоа треба да се докаже.

Затоа, за очекување е дека Обвинителството за своите инкриминации ќе излезе и со директни докази кои јавноста сè уште не ги знае. Комуникациите и дружбите на трилингот обвинети делуваат толку невнимателно, што би морало да има одредени цврсти докази доколку навистина делувале како организирана група за рекетирање.

Сепак, до сега, впечаток е дека клучниот дел од обвинението ќе се потпира на изјави на оштетениот, на обвинетите, на сведоци и нивни интерпретации на настаните.

Во таква ситуација, се чини дека Судот ќе мора некому да му ја поклони довербата за искажаното, на страната на обвинението или на одбраната. При потполно исклучување на можноста за досегашен суштински јавен исказ и на обвинетите, се добива впечаток дека и мојот драг колега и, без преседан, самото Обвинителство, вршат јавен мобинг врз Судот (и врз јавноста), со намера да влијаат врз неговата конечна одлука потпрена повеќе врз импресии, одошто врз цврсти докази. Кај јавноста, осудителниот ефект е веќе постигнат, таа тешко ќе прифати друга пресуда на Судот.

Е, сега, од тука – до вмешаноста на Заев во скандалот… За тоа навистина е неопходно многу повеќе од досегашните кики-фрики шпекулации на мојот добар колега кој ја добил задачата да го објави скандалот. Сè што направи опозицијата ползувајќи ја аферата за свои политички потреби имено говори за намерата да се предизвика многу поширока политичка фабрикација, во блиска координација со г. Камчев и неговите соработници. Судењето коешто претстои треба да покаже дали има основа и за тоа.

Ред е и јас да застанам до тука, за да не се впуштам, како што тоа се случува во „тунелот“ на „Рекет“, во разни шпекулации за инспирацијата, околностите, актерите и наводните докази во аферата „Рекет“. На тоа мислев кога го спомнав „неистеченото“ сведоштво на г-ѓа Јанева во Обвинителството, пред да биде уапсена. Нејзината „нулта точка“ на околностите во „Рекет“ сигурно не почнува од таму од каде што сака да нè убеди г. Камчев.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумното) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. Овие правила важат за сите, без оглед на тоа од каде е преземена содржината што оригинално е објавена на медиумкста платформа на ЦИВИЛ.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ