• Latest

Каде се децата во штрајкот на наставниците?!

April 18, 2022

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Каде се децата во штрајкот на наставниците?!

April 18, 2022 14:05
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот на Синдикатот за образование, наука и култура денеска влезе во втора недела. Учениците се сè уште на „принуден пролетен распуст“, а оние кои се згрижени, генерално во основни училишта, немаат настава. И во градинките во државата е слична ситуацијата, некаде се згрижуваат и хранат децата, некаде не одат. Она што предизвика најмногу реакции, пред сè кај родителите, е изоставениот наставен материјал и надоместување на истиот.

Откако вчера СОНК соопшти дека за штракјувачите не е прифатливо платата да им биде покачена за 10 отсто и дека за 95 отсто од членовите не е прифатлива понудата, претседателот на Синдикатот за бразование, наука и култура рече и дека за учениците е планирана скратена наставна програма.

„Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост, во позбиена форма или со поголема динамика, истакна Неделков.

Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.

„Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат, рече Неделков.

На 13 април, во Дневеникот на Сител првиот човек на СОНК рече и дека  има повеќе варијанти за надополнување на загувеното, но едната можеби не е прифатлива за Министерството за образование, а другата пак, е неприфатлива за учениците и родителите.

„Има повеќе варијани. Во рамките на работното време, после штрајкот и по регуларните часови, да се надоплнат изгубените часови. Втората варијанта е да се надополнат часотвите после 10 јуни, на распустот, што за наставниците нема да претставува проблем бидејќи тие се на работа од 15 јули, но нема да се согласат родителите и учениците. Наставниците, воспитувачите и негувателите секако ќе бидат на работа, нели и во зависнот на тоа колку и кога ќе користат одмор. Но тоа „ќе падне“ на грбот на учениците. Но секако ќе се бориме тоа да не биде така. Најсоодветно решение е да нема продолжување на наставата во текот на распустот“, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков за дневникот на Сител.

Реакции по одбиениот предлог од СОНК и штетата што ќе ја претрпат децата

Владата вчера вечер порача дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза.

„Откако Самостојниот синдикат на вработените во обарзование, науката и културата (СОНК) попладнево објави дека продолжува со штрајкот од Владата оценија дека одбиената понуда за 2500 денари покачување на платата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децата“, пишува во владиното соопштение.

Од Владата истакнуваат дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Ова, прецизираат од Владата, произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата.

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Премиерот Димитар Ковачевски денеска објави дека СОНК со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10%, реши да продолжи со уцени.

„Денеска започнува втората недела во која децата нема да бидат во училишните клупи. Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10%, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите“….И покрај сѐ, СОНК смета дека покачувањето на платите од 2.500 денари е малку. Во услови кога со антикризните мерки кои ги донесе владата сметките на граѓаните се помали за 4.000 денари месечно. Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата“, пишува Премиерот на ФБ. .

Реакција пристигна и од СДСМ.

„Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза. Нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата, велат од СДСМ.

Според СДСМ, солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК.

„Сите мора да се водат од интересите на учениците, да не се дозволи прекинот на наставата негативно да влијае врз воспитно – образованиот процес на децата“, пишува во соопштението.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во интервју за Фротлајн рече дека усогласување на платите ќе има, но дека никој не треба да се служи со уцени.

 

„Покачувањето на минималната плата е успех постигнат со преговори и јас сакам да го истакнам тоа, затоа што нашето општество не е научено на преговори. Не е научено исходот на преговорите да биде задоволувачки за двете страни. Затоа сметем дека тоа беше исчекор и тоа не треба да се занемари“, вели Битиќи во интервју за Фронтлајн.

 

Родителите загрижени, потребен е континуитет во образовниот процес

Во текот на изминатата недела Фронтлајн разговараше со неколку родители и објави поплаки на неколку родители и ученици.

Родителка на ученик во основно училиште за Фронтлајн вели дека не се согласува наставата да се одвива надвор од предвиденото време за настава или пак за време на распустот. Според мајката, станува збор за терање на чиста политика врз грбот на децата.
„Повторно опциите за продолжување на училишната година, кратење на наставната програма, учење во саботи, дополнителни часови се предмет на разгледување само за наставиците. Нас кој не прашува? Ние треба да прифатиме сè што ќе ни се сервира? Нема друга опција освен сега и веднаш наставниците да се вратат на работа. Нели им се најважни децата?! Се знае школската година трае до 10 јуни. И сега што децата треба да бидат “жртви“ а родителите да се солидаризираат затоа што тие упорно мислат само на себе. И децата треба да имаат распуст, и децата треба да имаат слободно време, воннаставни активности. Ова не е одмор и “коцкање“ со децата. Ова е терање на чиста политика врз грбот на нашите најмили, вели родителката.
Родител на момче во средно училиште вели дека тој би сакал секој во земјава да зема поголема плата и сечии права да бидат задоволени, и смета дека наставниците треба да имаат многу повисоки примања, но дека треба секогаш на прво место да им се учениците и квалитетот на образованието.
 Секој заслужува достојно да си го згрижи семејството. Меѓу наставниците има и многу родители, а некои во иднина ќе станат. Како и да е, не е во ред за овие генерации да трпат такви загуби последователно. Пандемија, распуст… На децата можеби и им одговара да се слободни, но се губи рутина, континуитет, желба, а нели треба сите како општество да ги научиме на одговорност и хуманост. Наставникот не е само педагог и воспитувач, наставникот е и пример, морален столб“, вели родителот.
Друг родител пак, кој е татко на ученик во основно училиште вели дека секогаш е за повисоки плати за сите, но дека додека ги чуваат децата кога не се на училиште, и тие пропуштаат да одат на работа.
Додека децата остануваат дома, некој треба парите потребни за исплата на повисоки плати и да ги заработи. Кој ќе ги чува децата?
Покачувањето на платите е во ред, вели родител на дете во основно училиште, но дека не треба сега да се штрајкува, туку кога децата се на распуст, затоа што тие најмногу настрадаа и за време на Ковид – 19 пандемијата.

„Премногу едострано наставниците го толкуваат штрајкот. Бараат поддршка од нас радителите, а што добиваме ние за возврат. Деца кои седат дома и повторно во незивесност колку ќе губат од настава и како ќе им се надополни истата. Многу изгубија децата изминативе две години, немаат контиунитет во наставата. За жал ова се генерации на едно изгубено време. Не велам да не штарјкуваат, но тоа може да го прават во јуни, јули, август.  Наставниците пред сè треба да размислуваат како педагози.  Јас не велам дека не се потребни поголеми плати во образованието, но ајде да погледнеме од другата страна. Дали се зголемила продуктивноста кај наставниците?, Дали повеќе вложуваат во знаењето на нашите деца? Дали нашите деца повеќе знаат? Сметам дека треба да се врати екстерното тестирање кое пред сè беше за да се провери ефективноста и посветеноста на наставникот. Ако наставниците се добри и покажале добри резултати, на тие наставници да им се зголеми платата, а не на сите! И навистина, не помина ни еден месец од покачената минимална плата, а просветарите веднаш на штрајк. Преговорите нека продолжат, но не треба да страдаат децата“, вели родител за Фронтлајн, чиешто дете е ученик во основно училиште во Општина Ѓорче Петров.

Средношколка од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ исто така не се согласува децата да го понесат најголемиот товар и да им биде скратен летниот распуст.
Во понеделникот бевме на училиште и имавме само два часа. Од 102 професори во нашето училиште, 60 штрајкуваат. Еве денеска треба да одиме само на еден час. Се договоривме цел  клас да не одиме. Не е наша вина што не одиме на школо. Нека се договорат наставниците, но ние полсе 10 јуни не сакаме да доаѓаме на настава, бели средношколката.

Како ќе се одрази штрајкот на децата 

Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава, уште на почетокот на штрајкот повика на итно наоѓање на решение за да се избегне прекинот на наставата кој е штетен за децата.

„Сите имаат право да ги заштитат своите работнички права со штрајк. Во исто време, децата во Северна Македонија не можат да си дозволат дополнителен прекин на наставата и учењето. Мора да се изнајде брзо решение кое ќе им одговара на сите страни, а особено на децата, рече ДиЏовани.

Според неа, кризата во образованито трае веќе подолго време, децата за време на ковид-19 пандемијата 54 недели пропуштија настава со физично присуство, а исто така и зимскиот распуст беше продолжен со што децата изгубија настава повеќе од една недела.

ДиЏовани нагласи дека ситуацијата е веќе алармантна, затоа што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст во земјата не го достигнуваат основното ниво на знаење по читање, математика и природни науки.

Патриција ДиЏовани – УНИЦЕФ

Реагираше и  Здруженитео на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје. Оттаму ги повикуваат политичките партии да ги деблокираат легислативните процеси во парламентот, затоа што, како што се вели во соопштението, политичарите мора да работат во полза на јавниот интерес.

„ЦИВИЛ принципиелно се залага за повисоки плати за вработените и во образованието. Но не врз грбот на децата, односно ученичките и учениците во основните и средните училишта! Тие имаат фундаментално право на образование. ЦИВИЛ упатува јавно барање до сите инволвирани страни во штрајкот на училиштата и градинките на прво место да ги стават интересите и добробитта на децата, а не сопствените, а уште помалку партиските интереси“ , пишува во соопштението.

Pроф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, во емисијата „Во центар“ вели дека со штрајкот ги учиме децата да не одаш на школо.

„Државата треба да се труди, ние како народ да научиме. Во моментов со штрајкот ги учиме децата да не одат на школо. На крајот, од се тоа страдаат децата“ – изјави професорот Методи Чепреганов во емисијата „Во центар“.

Проф. д-р Методи Чепреганов

Тој објасни дека во Јапонија кога наставниците протестираат, носат жолти ленти на рацете, за да се знае дека се во штрајк и дека преговараат за нешто, но продолжуваат да работат.

„Нашето образование и така е инсуфициентно, а сега со штрајкот тоа дополнително се оптеретува. Ако на тоа се додадат и претходните години со пандемијата имаме проблем од кој страдаат децата“ – рече Чепреганов.

Професорот додаде дека дополнителен проблем за децата е што не се насочуваат да читаат книги, туку го губат времето играјќи видео игри.

Ивана Т. Зафировска/ФРОНТЛАЈН

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ