• Latest

Каде води сето ова?

June 13, 2018

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каде води сето ова?

June 13, 2018 10:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Системот ги казнува грешките,
но не ги наградува успесите.

Другар ми Нено се врати да живее во Скопје. Нено повеќе од десет години живееше во Белград. Таму работеше во продавница за бои и лакови, која ја затвориле пред половина година.

пишува: Војо Цветановски

„Не можевме да издржиме, шо ќе праиш“ рече кога ми се јави на телефон дента кога стигна во Скопје на моето пршање: „Шо се врати бе?“.

Во таа продавница и се запознавме, додека и јас бев на двогодишен престој во Белград (2005 – 2007) каде што работев во една маркетинг агенција. Од кај Нено купував боја за да си ја фарбам сценографијата со која настапувам. Знаете, ние кои се занимаваме со улична уметност секогаш наоѓаме најразлични алтернативни начини за да ја постигнеме автентичноста при изразот, тоа многу често го правиме со бои за фарбање, поточно, особено уличните живи статуи, каков што сум и јас.

Со такви бои ги фарбаме сценографите и костимите.

Живеевме во истиот дел на градот, познат како „Дорчол“.

Со Нено немавме некои особени теми на разговор. Зборувавме за најобични работи. Често се среќававме во еден кафе бар кој исто така се наоѓа на „Дорчол“, веднаш до црквата Александар Невски, пред кривината која води кон БИТЕФ Театарот.

На почетокот на 2008 јас се вратив во Скопје со сите куфери, а од 2010 почнав речиси постојано да патувам на релација Скопје – Загреб. Тоа трае и до ден денес. И, кога и да патував за Загреб, а минував преку Белград задолжително му се јавував на Нено да се видиме, а и тој, кога и да доаѓаше во Скопје или во Загреб ми се јавуваше, да испиеме по едно – две пива, чисто да се видиме до кај сме во животот.

Овој пат Нено се врати засекогаш во Скопје, во стариот стан во Карпош 3.

Во петокот Нено ми се јави на телефон да се видиме во недела попладне.

„Ќе има уткамица, да ја гледаме заедно, ако си слободен“, ми вели.

„ОК“, прифаќам без пригивор. Не сум го видел скоро цела година.

Се договоривме да седнеме во истата кафеана каде што се видовме последниот пат кога беше во Скопје.

Недела е. Времето е сончево. Саатот е 14:50. Стигнувам. Терасата е полна. Седнувам на масата која ја резервирав уште во петокот. Утакимцата почнува во 15ч. Чичко Томе, Авни, и Јове веќе фатиле позиции на масата пред мене. Чекаат да почне уткамицата. Масата им е полна со скара, салати, ракии, пива …

Нено пристигнува. Седнува на масата, целиот пребледен. Малку сум зачуден. Рики ни ги сервира пивата кои претходно ги порачав. Нено од нигде никаде порачува дупла ракија. Ме чуди тоа, тој не е таков. Знам дека е претерано емотивен човек, но никогаш не сум го видел да пие жесток алкохол. Рики му ја носи ракијата. Нено ја пие на екс и порачува уште една – дупла.

„Што е работава?“,го прашувам  „Што се случува?“. Ја пие и втората на екс, и си го точи пивото во чаша. Отпива. Сè уште ништо не проговорил.

„Ќе ми кажеш што ти е?“, го прашувам. Сега веќе сум сериозно загрижен.

„Наваму доаѓав со автобус“, конечно проговори Нено. „На автобуската на Лептокарија пристигна и мојата сосетка со која често разговараме пред зграда. Тоа знае да трае и со саати. Многу пријатна жена. На сите теми можеш да зборуваш со неа. Често знае да те понуди и со сладолед, благо, сокче …

Се насмевнав кога ја видов како пристигнува на автобуската. Овој пат мојата сосетка не ми возврати на насмевката со насмевка. Никако не ми возвати, а видов дека ме виде. Чудна беше. Никогаш не била ваква. Се чувствуваше дека нешто не е како што треба. Тргнав да ја прашувам како е, но некаде на сред пат се пресеков. Не си дозволив да и’ поставувам прашања. Дојде 24-ка, автобусот кој го чекав за наваму. Се качив. Се качи и таа во истиот автобус. Седнав веднаш после средната врата. Таа седна до мене. Сега веќе ми стана уште понепријатно. Чувстувам дека е во тешка агонија. Молчиме. Некаде кај „Симпо“ јас проговорив, не додржав:

– Се е во ред?

Таа се заврти кон мене и со скршен израз на лицето ми рече:

– Ненаде, системот ги казнува грешките, но не ги наградува успесите. Такви сме ние, од казни се храниме. Погледни околу. Само погледни околу каде живееме. Сета прљавштина собрана по улиците каде чекориме ние, а чекорат и нашите деца, кои патем се недолжни да ја дишат оваа прашина која како споулавена прска се’ наоколу. Недолжни сме и ние. Никој не е должен. Наталожена е по слоевите на нашето секојдневие. И никогаш нема да си замине одовде, напротив со секоја минута станува се погуста. Пред осум денови ме дадоа на извршител. Доколку за осум денови не платам ќе пристапат кон изнесување на работи од мојот дом во вредност на долгот. Ќе имало и проценител. Утре е деветтиот ден. Ќе дојдат да ми земаат работи од дома. А внимавај, долгот е само еден денар. ЕДЕН ДЕНАР. За овој еден денар треба да платам 11 250 денари за да се отпишат моите долгови. Со заби поостри од на вампир ни ја гризаат душата. Цицаат ненаситно и со уста полна крв, уште погладни прашуваат, каде има уште. Повеќе сакаат Секој ден се прашувам: постои ли временска машина со која можеме да се вратиме назад во времето и да ја поправиме грешката што го уништи ова општество и нè доведе сите до тука до каде што сме денес.

Автобусот застана на зелено пазарче. Загорка тука слезе. Јас слегов две станици подолу. Како тег од 2 тона да ми легна на плеќиве. Ете таква болка почувствував. Ме заболе затоа што знам дека ова е жена која секогаш имала насмевка на лицето и секогаш правела само добрини и гледај сега каде се најде. Само еден месец како сум вратен тука и налетувам на вакви работи. Не велам дека горе е подобро, ама за Скопје ме боли, ова е местото кое не сакам да го гледам вакво. Каде ли води сево ова?“, ме праша Нено.

„Ниту знам, ниту имам одговор. Понекогаш имам чувство дека не постои човек во земјава што не е задолжен, не е во кредити или не е даден на извршител. Имам чувство дека не постои таков. Тоа мораме да го смениме, мора да им се врати, да ни се врати насмевката на сите инаку ова со сигурност не е патот по кој треба да одиме. Имам чувство дека луѓе креваат кредити за да платат сметки. Е, до таму е дојдено“, реков.

„И да знаеш дека е така“, рече Нено со наведната глава.

Рики дојде до нашата маса и праша: „Ќе пиете уште нешто?“

И во еден глас двајцата одговоривме спротивно еден од друг.

„Да!“, рече Нено.

„Не!“, реков јас.

Уткамицата заврши. Ниту видовме нешто од неа, ниту пак знам кој играше.

Tags: извршителикредити
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ