Владата одлучи од 12 октомври да се отворат границите со соседните земји без ПЦР тест. Пред сè и над сè, границите се отвораат со цел слободно движење на населението кое се соочува со сериозни потреби.
Во соопштението на Владата, имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, стои препораката оваа слобода да се користи „минимум и исклучиво за неодложни потреби“.
Но половина час по гласање на одлуката, министерот за економија, Крешник Бектеши, кој раководи со важна и одговорна институција, објави статус на својот Фејсбук профил, кој не кореспондира ниту со сериозноста на ситуацијата ниту со одговорноста на еден владин функционер.
„Од 12 Октомври кафе во Приштина без ПЦР тест“, напишал Бектеши, истакнувајќи го кафето како итна и неодложна потреба, што е сосема спротивно од владината одлука и препораката за која и тој самиот гласал.
Инаку, и заменик министерот за здравство, Илир Хасани пред неколку дена на Фејсбук напиша дека наскоро ќе пиеме кафе во Приштина без ПЦР тест.
Арбен Зеќири