• Latest

Како да се излечи македонското здравство

October 9, 2017

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како да се излечи македонското здравство

October 9, 2017 16:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што се случи со македонското здравство? Каде сме ние, каде е светот? И, што и како понатаму? Имплементацијата на сите јавно-здравствени мерки, промоцијата на здравјето, едукацијата и превенцијата се долг процес што бара еден сеопфатен мултидисциплинарен пристап, но ефектите од него се траен придонес во создавањето на здраво општество

Пишува: д-р Гордана Белческа

Ќе почнам од агендата на Светската здравствена организација (СЗО) за здравствената политика во 21 век: промоција, унапредување и заштита на здравјето и квалитетот на животот на секој поединец.

Иако веќе 17 години сме навлезени во 21 век, Македонија е далеку од основните заложби на агендата на СЗО. Напротив, довчерашната политика во здравството, од типот – набавка на апарати, „едукација” – читај здравствен туризам, беше не визија за развој на здравството, туку, напротив, за бизнис провизија на поединци. А здравствениот кадар? Е, тоа е круцијалното прашање, на кое треба да му посветиме посебно внимание. Зашто, интелектуалната свест, како авангарда на секој систем, ја прочита политиката на минатата власт и својот сон си го оствари во земјите низ Европа. Ние сме загубиле двојно: прво, државата продуцира кадар, а потоа истиот, го „пушта низ  вода”. А, во меѓувреме, започнавме со акредитација на здравствените институции. И, тука нè чека уште еден пораз.

Еве, една слика на болницата во која работам. Зграда изградена во 80-тите години на минатиот век, по сите стандарди кои не се многу далеку од денешните, некогаш со вкупен кадар од 127 доктори–специјалисти, како носители на дејност… Истата, денес, и покрај реновирањето на кое толку многу се горди поединци, наликува на лош make up, со напола намален кадар на доктори, денес – 67, со целокупната апаратура и сè друго што значеше здравствена политика досега. Оваа болница од општа болница на високо ниво е сведена на ниво на локална болница! По сите стандарди и норми, во моментот – ситуацијата е таа. А обемот на работа се зголемува во континуитет (читај: зголемени здравствени трошоци). Интенцијата на јавно–здравствената политика е да ги намали трошоците во здравството, особено оние неоправданите. И, се прашувам сега, како болница која го опслужува својот град и околните населени места, како и околните градови кои гравитираат кон него, може да го урниса рејтингот за неколку нивоа. Па, следи и прашањето: што сега?

Поаѓајки од фактот што сѐ „направи” минатата власт, акумулирана како на централно, така и на локално ниво, би рекла дека ни е потребна сеопфатна стратегија на државно ниво, која единствено би вродила со плод. Стратегија која би ја зајакнала примарната здравствена заштита, зашто здравствената грижа во примарната здравствена заштита е есенцијална, заснована на практична и научна основа, со социјално прифатливи методи и техники, конципирана да биде општо достапна и прифатлива, но и ефикасна за поединецот, семејството и заедницата, по цена по која заедницата и општеството се во состојба да издржат во сите етапи на нејзиниот развој. Нека превлада моралниот императив – солидарност и социјална благосостојба на поединецот.

Во услови кога сме во кампања за локални избори, за „татко на градот”, прашање е и колку тој може да ни помогне нам, на здравството во целост, сè со цел -подобра здравствена заштита. Па, би рекла, би можел, но не е обврзан на тоа. Впрочем, тоа беше досега.

Но, имајќи предвид дека треба да се размислува глобално, а да се делува локално, во суштина, таткото на градот треба да биде еден од примарните сензори на здравствените проблеми во општината, да биде линкот со централната власт, посебно кога и двете се движат по иста траекторија. Едукацијата и промоцијата би можеле да бидат редовна практика во рамките на локалната власт, преку најразлични форми, кои би ги вклучиле невладините организации, здруженија на граѓани, а секако, и здравствените работници како експерти во рамките на општината. Секогаш би биле опфатени таргетирани групи во зависност од проблематиката. А како повод, може да ни послужи календарот на одбележување на деновите посветени на борба против одделни болести. Формите можат да бидат најразлични, но целта треба да биде единствена, повисоко ниво на здравствена заштита, здрав живот, здрава популација, а со тоа и поголем работоспособен потенцијал. Секако, неизоставно  треба да се вклучат и руралните средини.

Еве, и некои идеи:

– Со решавање на аерозагадувањето би се намалил бројот на хронични болни;

– Со решавање и контрола на водоснабдувањето би ги решило и тоа како горливите проблеми на руралната популација, а би го намалило и бројот на ентероколити, кои во последниве месеци, барем кај нас, се во пораст, токму заради неисправност на водата за пиење;

– Да ја разбиеме фамата за вакцините, да ја вратиме имунизацијата, која го имала приматот во минатото;

– Спортот и образованието како своевиден мост меѓу телото и духот, меѓу природата и човековото битие, нека се составен дел на нашето секојдневие;

– Да спроведеме темелна едукација за здрава исхрана на населението во целост, а во прв ред, на децата во раст и развој;

– Старскиот дом да ја оствари целта за која е наменет, а не да биде „бизнис лига”, како досега. Да им овозможиме на старите лица достоен живот…

И ред други проблеми кои можат да се детектираат и со соодветен пристап да се олеснат или решат. Зашто, свесноста за постоењето на некој проблем е мајка за истражувањето. А детектираниот  проблем, е половина решен проблем.

Но, сето ова се постигнува со тимска работа, со мултидисциплинарен пристап, со мотивација на кадарот и со искористување на експертските умови на локално ниво. Со еден збор, добрата кадровска политика, соработката и употребата на сите општествени значајни фактори, правилната експликација и перцепција на јавноста, би овозможиле и добра понуда во изборот  на решенија.

Да резимираме: имплементацијата на сите јавно здравствени мерки, промоцијата на здравјето, едукацијата и превенцијата се долг процес што бара еден сеопфатен мултидисциплинарен пристап, но ефектите од него се траен придонес во создавањето на здраво општество.

И за крај, за да го поддржам сето ова, би ја спомнала старата кинеска поговорка: „Доколку планираш за една година – сади пченка; доколку планираш за една деценија – сади дрвца;  доколку планираш долготрајно – едуцирај ги луѓето”.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: акредитација на здравствените институциидетектирани  проблемиедукацијамултидисциплинарен пристаппревенцијаСЗО
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ