• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Како до нова Влада?

August 1, 2020

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Како до нова Влада?

August 1, 2020 14:31
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Оваа недела на политичката сцена секако ќе остане забележано свикувањето на Конститутивната седница на Собранието за 4 август, со посебни протоколи поради коронавирусот. Коститутивна седница, според Деловникот на Собранието се свикува за формирање на Верификационата комисија, по предлог од претседавачот, во случајов, претседателот на Собранието, Талат Џафери, до преземање на должноста на новоизбраниот претседател.
Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието кои врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно.

Од овој момент Собранието ќе чека прием на известувањето од претседателот на државата за кандидатот за претседател на Владата или мандатар, по што има рок од три дена да ги извести пратениците.

Мандаторот, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува предлог за состав на Владата и програма, а во рок од 15 дена се одржува седница за избор на Владата, од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. По јавниот претрес во Собранието, гласањето за предлог на Влада се врши истиот ден најдоцна до полноќ.

Според изборните резултати, официјално објавени на 25 јули, со доделување на уверенија на новоизбраните пратеници, СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.  Ваквата тесна разлика меѓу двете најголеми политички партии и нивните коалиции остава простор за калкулации како ќе се формира новата Влада.

Техничкиот премиер и потпретседател на СДСМ, а со изборните резултати и иден пратеник во Собранието, Оливер Спасовски, изјави дека многу скоро ќе се формира новата Влада и тоа без нови избори, како што најави Христијан Мицкоски.

„Мицкоски секој ден ги менува ставовите. Нели до пред некој ден велеше дека тој ќе формира влада, дека составува парламентарно мнозинство. Сега вели нови избори. Тоа е сепак негова работа. Изборите поминаа. На нив има јасен победник. Тоа е СДСМ. Ние ќе ја формираме новата влада“, изјави Спасовски за „Утрински брифинг“.

Официјалните разговори за формирање Влада ќе започнат веднаш по 2 август, а како што рече Спасовски, разговорите со политичките партии, сега за сега, се околу парламентарното мнозинство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, оваа недела се определија фокусот на јавноста да го свртат кон обвинувања за изборен поткуп од власта. Остана забележана и неговата изјава, во која ги најави изборите наесен ако ниту тој, ниту Зоран Заев не успеат да формираат Влада. Овие изјави Спасовски ги нарече небулозни.

Клучна улога за формирање на парламентарно мнозинство ќе има и ДУИ, а со тоа и кој и како ќе ја формира новата Влада. ДУИ очекува покана од СДСМ, а како што изјавил Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Т7, не е исклучена можноста и за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, пак, изјави дека ако тие почнат со преговори, еден од условите ќе биде албанскиот јазик да влезе во Уставот, а не како сега, да се води како јазикот на над 20 проценти од населението.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за Фокус изјави дека кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Според него возможна е и Влада без СДСМ или без ВМРО-ДПМНЕ, а и без ДУИ како трета партија според бројот на освоени мандати.

Во тој контекст, ќе остане забележана и средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со коалициониот партнер на СДСМ, лидерот на БЕСА, Билал Касами. Како што напиша Ахмети на Фејсбук, на средбата се согласиле да продолжат со напорите за евроатлантскиот пат на земјата, како и на долгоочекуваните реформи кон владеење на правото, преку отвоврен и постојан дијалог.

Своја порака остави и Сашо Мијалков, кој спонзорирано започна со внатрепартиско подбуцнување во ВМРО-ДПМНЕ, на сметка на лидерството на Мицкоски.

„На сите овие избори, вклучително и на последните ти си тој што директно одработи за СДСМ“, вели Мијалков, кој порачува дека доколку се бира партиски лидер по теркот на СДСМ, Мицкоски би бил идеален: „уште десет пати по ред те згазат на избори а ти да ја бараш вината за поразите на друго место, а не во себе и луѓето со кои соработуваш“.

Неизвесноста продолжува.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ