ЗОРАН ИВАНОВ
Со финта се заколна дека ќе го чува уставот на северна без северна и тоа поради лично, а ни рече ќе сочувствувала со сите, ни рече ама не‘ одрече, си се заколна како претседателка да си стана самата засебе, договорно по неа и во моментов првата политичка величина идентично како неговата избраничка со истата финта, поради лично чувство и тој не ќе го есапел уставното, и едната и другиот ќе го спроведувале ама немало да го почитуваат, да го изустат ич но ај да не се трчаа како прле пред магаре, ќе видиме како ќе предат пред странците и овде и надвор и како ќе бегаат од камерите со беџот “северна”, на нивните гради па, кажано во една реченица, со финти почнаа, со финти го разбудија и исток и југ, со финта рикна глушецот, со финта мјаукна и лавот, со финта го дозапреа нашиот ЕУ пат и, како и пред седум години и еве пак со финти ја финтаат Македонија само што овојпат ја финтаат баш онака – гордо.