• Latest

Како ќе раководи со општина градоначалник што е осуден за шверц

October 3, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Како ќе раководи со општина градоначалник што е осуден за шверц

October 3, 2018 14:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пред неколку месеци беше фатен заедно со семејството како шверцува цигари преку македонско – бугарската граница, Апелацискиот суд во Штип му ја намали првостепената пресуда од 18, на 6 месеци, а струмичкиот суд ја потврди.

„Што се однесува до намалување на казната на градоначалникот на Ново Село од 18 на 6 месеци затворска казна, факт е дека е во рамки на законот, меѓутоа очигледно е дека со одлуката се тактизира да може повторно да ја обавува функцијата градоначалник“, вели за ЦИВИЛ Медиа, адвокатот Звонко Давидовиќ.

Со ова судска одлука на Стојчев му се овозможува да го исполни условот што е предвиден со член 54 од Законот за локална самоуправа, каде се вели дека мандатот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.

Давидовиќ додава дека прашањето е колку и дали може да раководи со општината човек кој е осуден за шверц на цигари.

„Без разлика за колкава општина се работи, и со каков буџет располага, сепак се работи за човек кој е осуден за шверц. Ова го мислам и како обичен граѓанин, бидејќи ние во минатото се боревме против селективна правда, а со ова прогледување низ прсти се остава лош впечаток“, истакна Давидовиќ.

Градоначалникот Стојчев до крајот на оваа година ќе биде на слобода и ќе продолжи да ја води општината.  Ново Село ќе се соочеше со локални избори, доколку не се намалеше казната затвор на градоначалникот Стојчев.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Боро СтојчевЗвонко ДавидовиќНово Селошверц на цигари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result