• Latest

Каква власт ни треба?

May 19, 2019
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каква власт ни треба?

May 19, 2019 17:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во  еден волшебен град постоела продавница на желби. Таму се можело да се купува, од љубов, здравје, богатство, убавина, среќа, па сѐ до кариера, успех и власт. Секоја стока си имала своја цена, а тоа ти била – одрекнување од нешто. На пример, за да купите искрена љубов требало да се одрекнете од богатство. За да купите богатство требало да се одрекнете од чесност. За да купите чесност требало да се одрекнете од луксуз. Најскапо ти било купувањето добро владеење. Тогаш требало истовремено да се одрекувате од другарство, сожалување и атерџиство. А над продавницата стоела рекламата: „Ако вашата желба не е исполнета – веројатно не сте ја платиле цената“!

Мерсел Биљали

Владата, за неполни две години, на надворешен план постигна спектакуларни резултати, далеку над балканските умови кои најчесто се робови на глорификација на лажното минато и газењето по сегашноста и иднината. Од држава во распад и ветена земја за криминалци, стасавме до високо почитувана држава, и не случајно што и Папата нѐ посети. Меѓутоа, на внатрешен план, кај што светот достигнува авионска брзина, ние сѐ уште се возиме со парна локомотива. Не се гледа ниту јасна ориентација на кај се движиме. Тоа ја ослабнува кондицијата на владата за долга пловидба по немирни води, за која ѝ е потребна првокласна морнарска екипа. Само еден од нив да не ја знае работата, не можеме ниту сидра да кренеме. Лудвиг Борне вели: „Владата се едрата, народот е ветерот, бродот е државата, а морето е времето. За да пловите брзо и без хаварија, сите треба да функционираат“. А ние со едни просечни функционери кои имаат натпросечни афинитети за злоупотреби, никако да тргнеме од пристаништето!

Банана држава – светски лидери

Чиле била најсиромашна држава во Јужна Америка, долги години водена од криминали и банди. По воениот удар предводен од генерал Аугусто Пиноче (кого го сметале за фашист), започна сосема нова ера. Владата го ангажирала познатиот американски економист Милтон Фридман со својата екипа. Тој вовел голема либерализација во претприемништвото и пазарот. Само во мали сегменти допуштил некаков државен интервенционизам. Ги поедноставил иницијативите и процедурите за ефикасен бизнис, воведе голема либерализација во користењето на државното земјиште и другите ресурси, и економијата тргна напред со големи чекори. Сега Чиле, не само што е најразвиена држава на тој континент, туку таа припаѓа и на групата „20 најразвиени држави на светот“.

Африканската држава Гана, од своето формирање е позната по невидената сиромаштија, криминал, глад и чести државни удари. Невработеноста била над 68 отсто. Промените почнувала во 1992 година кога со помош на Западот беше донесено технократско лидерство, која со голема либерализација ја доведе државата до развојно чудо. Сега таа држава е стасана до светско лидерство со економски раст од над 9 проценти годишно, а невработеноста е сведена на симболични 6 проценти. Живеачката е подобрена за цели 14 пати во споредба со 1992 година. Нејзиниот рамномерен развој во сите 216 општини е пример, не само за Африка туку и за целиот свет.

Боцвана е јужноафриканска држава со територија над 70 отсто пустина (Калахари). Пред 35 години била најнеразвиена земја на планетава со само 69 долари БДП по глава на жител. Со одлична екипа и организација со огромна либерализација, стаса до фантастични 14.400 долари БДП по глава на жител. Кога го прашувале боцванскиот лидер Серетс Љан Хама, која е тајната на успехот, тој одговорил – „Тајната е воопшто да нема тајни, туку врвни професионалци и огромна дисциплина“.

Во фаза на економски бум се и повеќе други африкански држави – Намибија, Ангола, Танзанија, Мозамбик, дури и Етиопија која е позната како светски бренд за умирање од глад, а сега има раст од девет проценти, и е рангирана меѓу 13 држави со најбрз развој на светот. Така што сега „Црна Африка“ која традиционално симболизира пучеви, граѓански војни, криминални влади, сиромаштија, болести, глад и жед, веќе не е толку црна. Таа станува светска гордост. Денес таму, силни брендови, вклучувајќи ги и „Russell Company“ во склоп на „London Stock Exchange Group“, познатиот светски синџир „Walmart-Massmart“, како и гигантите „IBM“, „Bharti Airtel“, а и многу други светски економски лидери се модерна локомотива за една друга Африка. Минатата година, дури седум од десет најбрзи економии на светот биле држави од тој континент. Тие се на пат да ги надминат и „Азиските тигрови“ (Кина, Индија, Јужна Кореа, Малезија и Виетнам).

Израел – стакленик на Европа

Израел територијално е помала од Северна Македонија. Има околу 21.000 км2, а над седум милиони жители кои живеат со пет пати повисок стандард од нашиот. Иако државата веќе 70 години е во континуирана војна со соседите, таа со години има економски бум. Таа докажа дека кога се сака и пустината се претвора во плодно земјиште. Во таа држава само 30% од територијата е обработливо земјиште. Тие можат само да го сонуваат нашето земјиште. Ама тие таа пустина секој ден ја претворуваат во прекрасни модерни плантажи. Вода има многу слабо, па затоа мора да ја десалинизираат морската вода која потоа ја носат во огромни базени. Првин ги користат за рибници, па потоа за наводнување по плантажи, најмногу по системот „капка по капка“. Производство е тесна поврзана со науката и технолошките софистицирани методи за енормно зголемување на приносот и квалитетот. Израел, зимно време ја снабдува целата Европа со продукти и заслужено го носи епитетот – „Стакленик на Европа“. Саул Сингер, авторот на книгата “The Story of Israel’s Economic Miracle“ (Приказната за економското чудо на Израел), вели – само врвен колективен ум и знаење може да го постигне тоа.

А каде сме ние ?!

Ние со години имаме едни функционери кои не заслужуваат да бидат ниту портири во тие институции. По некоја случајност тие се имаат качено во партиските врвови (заробени партии) и станаа господари на нивната среќа и на нашата колективна несреќа. А ние празно се тешиме – подобро само човек без црн имот, отколку црн имот без човек! Станавме општество каде што народот едвај преживува со своите десет прсти, а некои уживаат со милиони туѓи раце. Ако не се преземе нешто радикално и фронтално, од такви суштества само смртта ќе нѐ раздвои. При наши состојби, најдобро е партиите (ако имаат сила), да постават непартиски експерти барем во сферата на економијата и развојот. Тие никој нема да ги штити, за разлика од вакви дузина неписмени функционери заштитени од себе (или од партиска ѓаволштина). Па доста ни е од луѓе кои потекнуваат од времето кога беше среќа да си споменик, а несреќа да си човек. А и од нив кои имаат само лични желби и ситни резултати во големи пакувања. Треба да сфатиме дека често возвишеното и смешното го дели само едно влакненце. Секој компромис меѓу измамата и вистината е на штета на последното. Башка што таквите фрлаат дрвја и камења ако им кажете – благодарам отидете дома! А ние од такви фрлени дрвја и камења сакаме да изградиме држава.

Нам ни треба поголем пазар, затоа на регионален план ние најмногу треба да инсистираме на бесцаринска зона меѓу државите од Западен Балкан. Со тоа полесно ќе ги подготвиме нашите економии за конкурентност во европскиот пазар, а и многу полесно ќе тргнеме напред. Најголемо задоволство е кога ќе направите нешто што другите мислат дека е невозможно.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share68TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ