• Latest
Војо Маневски

Калимерозација

August 16, 2022
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Калимерозација

August 16, 2022 13:55
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Барам некаков збор со кој поедноставно ќе си ја објаснам состојбата во која живеам, ама се некако се плашам да не згрешам некаде. Или се плашам да не навредам некого и да допринесам во сеопштата атмосфера на нагрдување на сѐ околу себе, а и да не измислам некој нов збор со кој ќе го ставам во ризик јазикот на кој зборувам, пишувам, а бога ми и пцујам и викам. Кога подобро размислам тоа е јазикот на кој најмногу се плашам од состојбата околу мене. Оптимизам некаков дека не сме само ние такви е допишувањето со мои исписници од регионов што успеаја некако да му побегнат на овој процес на претворање од личности во припадници на колективитети. Така пред некој ден се допишував со професорот од Босна и Херцеговина Џенан Скелиќ, кој на сите мои прашања за кратка анализа на состојбите таму тој кратко ми одговори: „Ма  калимеро стање, ходамо около и од страха само кажемо нема правде, нема правде. А страх друже мој паралише све добре иницијативе“

Професорот е психолог и со два збора ми ја отслика мојата, а не само неговата социјална околина. Нашето општество се претвора во општа калимерозација. Ако не ми верувате разговарајте со некој од соседите, со случајните минувачи, со познаниците. Најголем дел од нив го започнуваат разговорот со негативност кон опкружувањето, а ако се растргне разговорот се доаѓа до состојба кога светнуваат очите и од лицето се покажува некаков гнев кон сѐ околу себе. Пешаците минуваат кој како што сака, возачите не ги почитуваат правилата, продавачите ги менуваат цените со брзина која граѓаните не можат да ја постигнат. Платите, пензиите не стигнуваат за живот, а на Фејсбук соседите се сликаат некаде од странство на плажа и со намерна насмевка на задоволство. Есента е пред вратите, а бара данок и тоа во облик на зимница и училишни потреби на децата. Зимата не ја ни дочекуваме зошто од усните на дежурните јавни толкувачи на состојбите ќе слушнете само – не чека тешка зима со многу предизвици. И кој може да остане нормален од толку притисоци што единствено произведуваат страв и немир. Како сите да се договориле да ја убијат единствената човечка карактеристика која може да нѐ спаси, а тоа е НАДЕЖТА.

Та не сме саде ние, та не сме саде тука. Овој стих ме охрабрува зошто и самата помисла дека сме осамени во своите колективни стравувања ме депресира. Сепак, не сме најлоши на светот.

Многу од размислите што ќе ви ги пренесам не се мои, туку се некаква согласност со професорот дека можеби излезните решенија ни се слични. Стравот може да почнеме да го разбиваме само ако се осмелиме да предложиме решенија. Од почеток, а тоа значи од образованието. Да се укинат  разните реформи кои однапред се осудени на неуспех, зошто не се прилагодени на менталниот склоп на нашите народи. Воспитувањето на тесно стручни кадри е потреба на мултинационалните компании, кои се природен противник на демократијата и на човечкото општество како хумана заедница. Звучи како свето-грдие во денешното време на сеопшто влијание на бездушните лихвари, ама со вистината треба да се почне. Да се модифицира, ама да се врати образовниот систем кој даваше резултати и што е важно даваше личности со базични знаења од разни области. Да не им веруваме на критичарите хонорарци што велат дека во тој систем недостасува практичното знаење. Теоретското знаење е собрано искуство од милиони практични знаења и е основа на која за многу пократко време се добиваат квалитетни и продуктивни кадри, а обратен процес е многу тешко изводлив и е врзан со поединечни афинитети и способности. Современото образование ни е совладување на концепти, а не тесно стекнување на вештини што можат да се стекнат со курс од три месеци со непотврдени резултати. Колку курсеви поминаа чиновниците во администрацијата, а пак таа е неефикасна? Да ви наредам ли примери од минатото? Ете пред некој ден почина проф. Муличковски. Толку години поминуваа скопјани покрај неговата архитектонска креација. Има ли нешто слично сега, има ли архитектонски идентитет во низата градби со кои ја окупиравме околината? И расправата околу концептите би била продуктивна, доколку не е политичка форма на негација на сѐ друго што не е од твојата партија.

Да прашам само исплашено, ако може? Какви биле денешните политичари во средно? Ќе се изненадите, ако го проверите овој податок. Најголем број од нив не се истакнувале посебно со знаење. Ама да не се приклучувам на сеопштото плукање на сѐ и сешто, оние што ги познаваат нека се потсетат на заедничките училишни денови со денешните пратеници, министри или други „дужносници“. Еден поранешен премиер во приватен разговор ми рече: „Што е според високото образование и не ми е толку важно, туку каков ученик е бил во средно. Ако бил добар ученик тогаш може да му се даде одговорна државна функција, а ако е бил среден или слаб ученик тогаш е за партиските структури. Ако не ми верувате самите погледнете ја разликата меѓу кадрите кои се избираат за министерски функции и оние што се на листите за пратеници или советници. Има ред во процесот што е последица на ваквиот критериум. Прво лидерот им дава државни задолжувања па после ги поставува на највисоки партиски позиции. Значи да го победиме стравот од помодарството и да го вратиме образованието што даваше резултати, се разбира со современа облека, но со позната и утврдена содржина и цел што треба да се постигне.

Вториот страв кој треба да се разбие е секако економијата и нашето поимање на дивиот капитализам, како претприемачка економија и потрошувачко општество. Ова второво и некако ќе го свариме зошто нашата поубава половина може да потроши исто толку како и во другите заедници и овде не сме хендикепирани. Проблемот е во производството. Стравот од невработеноста го решивме како и мојот комшија кој вели дека сега и нема проблеми зошто двете деца му се во странство а он со пензијата ќе се снајде. Само сега нема кој да го полни пензискиот фонд, па ќе мора и без пензијата да се снаоѓа, ако е тоа можно. Значи, господа професори, оправдајте ги докторските дисертации и предложете модели на среднорочно преструктуирање на економијата! Предложете модели каде ќе се напушти само отворената економија, туку ќе се помага и развива некој сегмент кој ќе биде стратешки. Земјоделие, индустрија од одреден тип и после на тоа калемите разни преработувачки гранки и услуги. Ако веќе се субвенционира, треба да се конципира систем кој таа гранка ќе ја направи конкурентна и поотпорна на турбуленциите на светскиот пазар. Како тоа со милијарди субвенции во земјоделието имаме најскап леб во опкружувањето?

Можеби третиот дел од ова писание требаше да биде втор, зошто кај нас сѐ почнува од политиката или поточно од партиите. Тој страв е прв за разбивање. Таков ни е поданички менталитетот и против тој страв мора да се бориме, зошто без тоа тешко ќе опстанеме, а не да се развиваме. Партиите се одраз на нашиот менталитет и постојано, критикувајќи ги всушност се критикуваме себеси, ама немаме храброст тоа јавно да го кажеме. Имаме политичари какви што заслужуваме зошто во крајна линија ние и ги избираме. Наше е место да викаме постојано дека нема правда како Калимеро, да размислиме кого и зошто го избираме да располага со државните средства и со иднината на граѓаните. За културата која треба да е на пазарот на уметнички вредности, а тој пазар го нема и нема да го има не сакам да пишувам на кратко и во контекст, зошто тоа бара поголема моментна инспирација. Меѓународната политика е за нас само низа на одлуки кои нѐ фрустрираат и постојано нѐ потсетуваат дека во суровоста на светскиот интерес тешко се вклопуваме. Како маж кој е изневерен од сопругата, ама заради децата и станот да не се дели прифаќа да прости и да се прави дека не е толку важно тоа во споредба со иднината. Но, психата не му дава да не приговара, да не ја потсетува на нејзината грешка. Со време таа создава одбранбен однос и сѐ поголемо сопствено уверување дека тоа и не некој грев, туку излез од состојбата произлезена од неговото однесување. Покрај сопственото оправдување таа и вината за нејзината постапка ја префрла врз изневерениот, ама само емотивен, а не и разумен маж. Има ли сличност оваа моја приказна со нашиот емотивен, а не резонски однос кон евроатлантските интеграции?

Професорот од Босна и Херцеговина вели дека во овој момент сме некој облик на психијатриска установа на отворено и тешко им е на граѓаните да ја согледаат вистинската слика, зошто постојано се подложуваат на некакви пребројувања, што се користат како алатки за полесна манипулација. Те избори секоја година, разни пописи, отписи и сѐ во духот на неможност на мирно пресудување, поради стравот од пребројување и изопштување од заедницата. Поединецот во вакво болно општество мора да прифати да биде дел од него и во себе акумулира гнев и незадоволство или доколку има шанси излегува од него, носејќи ја и горчината со себе. Како печат на времето во кое живеел е изреката – нема правда, нема правда.

Како во оној насловот на турнејата на Бреговиќ со Бело Дугме – овде кој не полуди не е нормален.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ