• Latest

Кампања: На терен партиски промоции, на интернет рововска битка со црна пропаганда и дезинформации

September 22, 2021
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Кампања: На терен партиски промоции, на интернет рововска битка со црна пропаганда и дезинформации

Северна Македонија не е исклучок од светскиот тренд, туку напротив еден од покарактеристичните примери за општество во кое политичката кампања трае постојано, односно дека кампањата кај нас никогаш и не престанала, повеќе години наназад. Во речиси сите примери, рака под рака со „перманентната кампања“ оди и поларизацијата на општеството, па така, и во овој изборен процес, македонското општество влезе поделено по повеќе основи.

September 22, 2021 19:45
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Јавната кампања за локалните избори закажани за 17 октомври е веќе во полн ек, иако формално би требало да почне три недели пред денот на изборите. Општа констатација е дека сите политички актери ги започнаа кампањските активности многу порано од предвиденото.

Некој повешто а некој поневешто, некој со повеќе а некој со помалку ресурси, речиси сите партии, а и независните кандидати и листи, консензуално ги „заобиколуваа“ одредбите на Изборниот законик за промотивни активности во предизборието. Учесниците во изборната кампања главно ја почитуваа законската забрана за промовирање на програмите на кандидатите, но, од друга страна, вршеа интензивни промотивни и комуникациски активности.

Такви активности се одвиваа и на терен и јавни настани, каде се избираа, претставуваа и промовираа новоизбраните кандидати и се контактираше со граѓаните, но и во традиционалните медиуми, на интернет платформите и социјалните мрежи каде, покрај промоција на сопствените активности, најчесто се оцрнуваше политичкиот противник и се водеа битки меѓу партиските пропаганди и поддржувачи.

Во оваа смисла, Северна Македонија не е исклучок од светскиот тренд, туку напротив еден од покарактеристичните примери за општество во кое политичката кампања трае постојано, односно – кампањата кај нас никогаш и не престанала, повеќе години наназад. Во речиси сите примери, рака под рака со „перманентната кампања“ оди и поларизацијата на општеството, па така, и во овој изборен процес, македонското општество влезе поделено по повеќе основи.

 

Во овој контекст и со овој опис може да се оцени и реториката на учесниците во изборната кампања. Наместо на локалните теми и она што е надлежност за општините, таа повеќе се фокусира на темите што се дел од „перманентната кампања“ и се актуелни со години во земјата, или пак на актуелни настани што се користат за дневно – политичко препукување.

Повторно доминира дебатата за Преспанскиот договор и името, Рамковниот договор и пописот, актуелностите поврзани со пандемијата и смртоносниот вирус кој во овој период одзема по десетици животи дневно, а во овој период земјата се соочи и со други големи несреќи кои ја преокупираа јавната комуникација – трагичниот пожар во Тетово кој однесе 14 животи, пристигнувањето на бегалците од талибанскиот терор во Авганистан, како и шумските пожари низ целата земја што беа актуелни речиси во текот на цел месец август.

На терен промотивно – со кандидатите на средби со граѓаните

Во периодот до 15 септември, особено од крајот на август па наваму, активностите на партиите и иницијативите што учествуваат на изборите се одржуваа интензивно и на терен, и преку традиционалните медиуми и преку интернет платформите, во најразлични форми.

Теренските активности се најчесто од три вида.

Некои партии и кандидати го одбраа пристапот на маалски средби, каде се промовираат кандидати и се разговара директно со граѓаните.

Други пак, одбраа да организираат општински или градски собири на отворено на „вообичаените“ локации, каде ги претставуваат кандидатите во општини, кои, од разни причини, се важни за партиската промотивна агенда.

Трет вид на активности се организираат и во затворени простори, во разни хотели, конференциски сали, и други простори, каде партиските тела избираат кандидат или пак ги претставуваат пред граѓаните.

На сите поважни настани присуствуваат и држат говори партиските челници или високи функционери, за што потоа се праќаат известувања до медиумите и јавноста.

Кај големите две коалиции чиешто формирање и договарање беше исто предмет на јавна комуникација во изминатиот период, и кај владејачката предводена од СДСМ и ДУИ, но и кај опозициските ВМРО-ДПМНЕ и АА-ААА, се објавија најголем дел од претендентите на градоначалничките функции, кои веќе почнаа да се промовираат и во јавноста.

Промоции на кандидати одржаа и добар дел од помалите коалиции и партии, како коалицијата ЛДП-ДОМ, неколку други помали партии, но и независните листи и кандидати во повеќе градови во земјата, кои во овој период организираа и кампања за собирање потписи за нивните кандидатури.

На дел од овие настани се забележува слабо почитување на мерките за заштита од пандемијата. Забележани се и случаи на присуство на малолетни лица, кои потоа се (зло)употребуваат за разни, најчесто медиумски и пропагандни содржини.

Во медиумите и на интернет, битка во партиски ровови со црна пропаганда

Медиумите и пропагандата, особено на интернет и социјалните мрежи, беа вториот сет на активности кај политичките актери, кои всушност доминираа над теренските активности на кандидатите во претходниот период, и во разновидност и во интензитет. Освен медиумите и интернет платформите, се користат и кампањи на билборди, летоци и директна дистрибуција, и други методи на герила маркетингот.

Она што е карактеристика на оваа комуникација е дека во неа далеку повеќе доминира црната пропаганда и нападите кон политичките противници, отколку промоцијата на кандидатите и програмите. Всушност, медиумите, разните портали и социјални мрежи, станаа поле на вистинска битка помеѓу партиите, со сите дозволени, а честопати и недозволени средства.

Главните теми со кои се занимава црната пропаганда секако не се понудите на политичките противници кои во голем дел, барем до објавувањето на овој извештај, сè уште не се објавени, туку лични дискредитации на кандидатите, како и вообичаените поларизирачки дебати, со кои е преокупирано општеството години наназад, но и актуелни настани, кои политичките актери или нивните поддржувачи ги користат за меѓусебни напади и пресметки.

 

Она што исто така може да се забележи е дека црната кампања најчесто не се одвива директно од партиите или кандидатите, туку посредно, главно преку порталите кои се блиски до една или друга политичка опција, како и преку добро организираните партиски војски и инфраструктура од профили и страници на социјалните мрежи, главно на Фејсбук, но и на Твитер.

Токму таму, на социјалните мрежи, се присутни најнегативните форми на неофицијалната црна кампања, со кои доминираат дезинформациите, вулгарната и навредлива пропагандистичка реторика, па и говорот на омраза.

Официјалната промотивна кампања за кандидатите, пак, во овој период беше видлива во традиционалните медиуми преку информативните изданија, кои ги следеа партиските активности и промоции, одржувааа интервјуа со некои од кандидатите, а некои од нив го покренаа и прашањето на предвремениот почеток на кампањата. Сепак, воглавно, и тие и самите кандидати, се воздржуваа од навлегување во деталите на политичката понуда за изборите.

Со какви комуникациски „оружја“ влегоа кандидатите во изборната битка?

Како одминуваше периодот на летните одмори и наближува денот на изборите, веќе од средината на месец август, а особено од почетокот на септември, се забележа видливо зголемување на интензитетот на промотивните комуникации на кандидатите и партиите, не само на терен, туку и на социјалните мрежи, пред сè на Фејсбук.

На социјалните мрежи се забележани и повеќе спонзорирани постови за промоција на кандидати или партиски содржини, со што е видливо дека учесниците во изборите, и тука, ги користат недореченостите во легислативата во врска со овие средства што се трошат за реклама на социјалните мрежи, за кои нема отчет пред јавноста и се знае многу малку.

Дел од партиите, особено они поголемите, имаат и интензивна продукција на соопштенија, но и на содржини од теренските и други активности, видео стриминзи, видео обраќања, добро продуцирани промотивни спотови.

Таквиот пристап е веќе рутина за скапата и модерна продукција на ВМРО-ДПМНЕ што е повеќе години во погон, но и за продукциските тимови на владејачките СДСМ и ДУИ. Од „големата четворка“, тука малку заостанува коалицијата Алијанса – Алтернатива, иако и таму се забележуваат обиди за интензивирање и модернизирање на комуникациите во изборниот период.

Кај помалите партии, како видлив исклучок, со поорганизирано присуство на портали и социјални мрежи се комуникациите на „Левица“, чија инфраструктура на поддршка, освен портали блиски до партијата, вклучува и стотици анонимни профили, Фб групи и страници што споделуваат организирано содржини, честопати користејќи дезинформации, навреди или говор на омраза.

За разлика од ова, најголем дел на помалите партии и независните кандидати настапуваат со помалку ресурси, имаат далеку помалку внимание кај традиционалните медиуми и се фокусираат главно на промоција и комуникација преку социјалните мрежи, иако некои од нив имаат поддршка и од портали.

Прилично активни во овој период беа коалицијата ДОМ-ЛДП, некои кандидати на партијата „Твоја“, како и некои од независните листи на кандидати, како на пример независната листа на Зелен Хуман Град за советот на Град Скопје , независнита листа и кандидатурата на Максим Димитриевски за Куманово, листата на „Заедно за Центар“, како и онаа на „Подобро за Тетово“, која веќе месеци наназад има интензивни активности и на терен и на социјалните мрежи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ