• Latest

Kампања за поголема информираност на граѓаните за бесплатната правна помош

October 22, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Kампања за поголема информираност на граѓаните за бесплатната правна помош

October 22, 2020 14:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните се малку информирани за бесплатната правна помош што можат да ја добијат од државата за имотно-правни спорови, должничко-доверителски односи, за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување жртви на семејно насилство, за остварување социјална помош, за спорови со осигурителни компании, но и за други потреби.

За да се информираат ранливите категории граѓани, кои имаат потреба од ваква помош од 26 октомври ќе почне да се спроведува кампања, при што ќе биде промовирана нова веб страница изработена од Делегацијата на Европската унија во соработка со Советот на Европа и Министерството за правда.

Ирена Цуцулоска Јакимовска виш раководител на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во С.Македонија“, кој е дел од програмската рамка на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и за Турција“ на денешниот брифинг со новинарите посочи дека информативни материјали ќе бидат изготвени за пошироката јавност, во кои ќе се објасни како се процесуираат барањата за бесплатна правна помош и кои фактори се земаат предвид во одлучувањето.

Исто така ќе биде изготвена и промотивна алатка за информирање на јавноста за адвокатите и невладините организации кои даваат правни услуги гарантирани со Законот за бесплатна правна помош (ЗБПП).

Законот за бесплатна правна помош почна да се применува во октомври минатата година. За период од шест месеци, односно заклучно со јуни годинава, до Министерството за правда биле доставено околу 130 барања за бесплатна секундарна правна помош. Од пристигнатите барања, 71 се одобрени, а 29 се одбиени поради неисполнување на услови, а останатите се во постапка.

Најчесто барањата за бесплатна правна помош, како што рече портпаролот на Министерството за правда, Владимир Делов, се однесуваат на семејни прашања, развод на брак, имотно-правни прашања и прашања од работен однос.

-Државата ги покрива сите трошоци поврзани со бесплатната правна помош, адвокатот, судските трошоци и вештачењата. Не постои одреден лимит до кој што државата ја покрива бесплатната правна помош, што не е случај со други европски држави, рече Делов.

Министерството за правда за оваа намена располага со буџетот од 5.000.000 денари.

Доколку едно лице побара бесплатна правна помош треба да исполни одредени услови. Еден од условите е доколку барателот живее сам неговиот месечен приход да не е поголем од утврдената минимална плата, ако живее во семејство – вкупниот приход да не биде поголем од минимална плата зголемена за 20 отсто од минималната плата за секој член поединечно. Тоа значи доколку минималната плата е 15.000 денари плус 3.000 денари или вкупно 18.000 денари месечен приход, ако се двочлено семејство, или 21.000 денари за трочлено семејство, 24.000 за четиричлено семејств, итн. При тоа, како приход не се смета надоместок за помош и нега од друго лице, родителски додаток за дете, детски и посебен додаток, додаток заради посебни потреби, надоместок на плата за скратено работно време, итн.

Исто така, барателот на правна помош не треба да има повеќе од еден станбен објект или стан во зграда, да нема повеќе во сопственост од една или повеќе физички поврзани парцели со вкупна површина од 300 м2 во Скопје, 500 м2 во другите општини, односно една или повеќе парцели со вкупна површина не поголема од 5000 м2 во рурални средини, и едно моторно возило до 1200 кубни сантиметри.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ