• Latest

Кампањата за локални сè повеќе наликува на битка за парламентарни избори

October 6, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Кампањата за локални сè повеќе наликува на битка за парламентарни избори

October 6, 2021 17:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Десетти ден од изборната кампања за локални избори, меѓутоа ветувањата и програмите што се презентираат на партиските собири/митинзи се повеќе наликуваат дека се води кампања за парламентарни избори. Опозицијата ниту не крие дека веднаш по локалните избори, уште првиот ден ќе бараат предвремени парламентарни избори. Лидерот на СДСМ, ветува од следната година дека државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек што ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен…

АКТИВНОСТИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива реагираат дека на ДУИ не им е доволно притисок врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат во нивните предизборни митинзи во кампањата, овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во нивните предизборни кампањи, додека сериозно ги кршаат правата на децата.

„Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ г-ѓа.Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на Боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“ и со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи која се фотографира со деца среде кампања уште повеќе нè потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата на Тетово, оставајќи ги нив без детски парк, без игралиште за нив, без спортски активности,  и без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата“, велат од АА-А.

СДСМ

Лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот митинг во Аеродром ветил дека државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек што ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен.

„Еден од најновите чекори што ги преземаме, а кој значи уште поголема мотивација за секој млад човек да тргне на работ е дека од 1 јануари, за два и пол месеци од сега, државата ќе ги плати придонесите за секој млад човек што ќе тргне на работа, односно ќе биде нововработен. Дополнително, оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмата кое државата директно ќе го покрие“, истакна Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека како жена е згрозена од нивото на говор на премиерот Зоран Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром.

„Најостро ја осудувам постапката на премиерот, со правење гестикулации со раката да споменува една жена, која е сопруга и мајка и одлучила да се кандидира за градоначалник на Скопје. Верувам дека премиерот и СДСМ при потпишувањето на етичкиот кодекс за фер и демократски избори, не мислеа дека ќе водат ваква кампања. Ја повикувам претседателката на форумот на жените на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката. Ваквите постапки се недозволиви и од причина што во тек е кампања под насловот ’Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката‘, која кампања верувам дека СДСМ не само декларативно, туку вистински ја поддржува“, реагира Пешевска.

ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека откако излезе ДУИ со зелената агенда по два дена, претставникот на Обединетите нации побара состанок со него овде во Македонија и разговараа два часа за зелената агенда и без двоумење му беше соопштено дека точно 183 милиони долари за овие агенди ни имаат подготвени.

„Ги очекуваме процесите. Агендата пред вас е победничка агенда за сите нас и за генерациите што ќе дојдат после нас“, рече Ахмети пред жителите на Шипковица.

ШАНСА ЗА ЦЕНТАР

Од независната советничка листа Шанса за Центар сметаат дека за решавање на недостатокот на паркинг простор треба да се спроведе решението со кое се предвидува кога администрацијата на Град Скопје ќе се пресели на друга локација, просторот на сегашните бараки на почетокот на Градски парк да биде пренаменет во монтажен паркинг на кат.

„Кандидатите на независната граѓанска кандидатска листа за Советот на Општина Центар, Група избирачи Јана Белчева-Андреевска преку Советот на општина Центар ќе се борат за сосема поинаква визија за одржлив урбан развој. Визија со која ќе почнеме одговорно да се однесуваме со просторот и земјиште како ресурси кои ги губиме неповратно, со цел да обезбедиме што е можно поголем квалитет на животот за сите“, велат од Шанса за Центар.

ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денес одржа презентација на тунелите со кои се спојува булеварот Македонија (Јужен булевар) со бул. Кочо Рацин и поминуваат под објектот на Лимак.

„Ова сообраќајно решение е дел од планот кој го поставив пред четири години кога станав градоначалник – а тоа е Скопје да биде град без сообраќаен метеж, со најголема пешачка зона во Европа во центарот на градот. Со реализацијата на овој план скопјани добиваат брзо и непречено патување низ градот со возила, јавен превоз или други средства за транспорт. Ова што денес го презентирам многумина рекоа дека е неверојатно и не може да се реализира. Денес гледаме дека не само што може, туку веќе сме на пола пат, а до 2024 ќе бидеме целосно готови“, истакна Шилегов.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Од Зелен хуман град велат дека Скопје е пред крстопат со носењето на ГУП во претстојниот мандат.

„Тоа што ние го ветуваме со нашата програма и заложби за претстојниот мандат е враќање на контролата врз градот на скопјани. Досега 30 години, чекор по чекор, контролата на скопјани им беше одземана и ние сакаме да го прекинеме тој магичен круг и да овозможиме градот да може да се развива одржливо и да може да се развива праведно. Тоа ќе го сториме преку нашата платформа која веќе ја активиравме, #МојГрад каде што скопјани можат да ги доставуваат своите предлози континуирано и каде што можат да гласаат за оние предлози кои тие ги сметаат дека се најсоодветни и кои сметаат дека мора да добијат шанса да бидат финансирани од нашите заеднички средства“, велат од ЗХГ.

КОНТАМИНАЦИЈА НА ЈАВНАТА КОМУНИКАЦИЈА

Одлуката на премиерот Зоран Заев да не се прифатат оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, беше искористена за нова офанзива во војната на зборови на адреса на власта. И сè би било в ред кога одлуката на премиерот би била предмет на критики, со аргументи и анализи. Но, како и сè друго во нашето општество, јавната комуникација е контаминирана со жесток и вулгарен говор на омраза, преполна со навредливи зборови и простачка дискредитација. Сè за изборен, политички поен повеќе.

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи дека во текот на вчерашниот и денешниот ден, 5 и 6 октомври, веќе познатата мрежа од профили на социјалните мрежи и интернет медиуми, лансира огромни количини говор на омраза против премиерот и министерот за здравство. Офанзивата отворено се става во изборен контекст и оди во прилог на повиците за предвремени парламентарни избори или прегрупирање во парламентот, со што се занемарува локалната агенда, иако се наоѓаме среде изборна кампања за локални избори.

МИТИНЗИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Петровец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров.

Движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП во Свети Николе, Штип и Делчево.

Движењето Беса во Липково.

Караванот „Најдоброто за мојата Општина“ на СДСМ денеска е во Пробиштип, Свети Николе, Ресен, Валандово, Лозово, Конче, Куманово, Кратово, Тераце, Врапчиште,Кочани, Македонски Брод, Вевчани, Центар, Демир Капија, Прилеп и Чешиново Облешево.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ