• Latest

Караџов негира дека Бугарија не сака да ја гради пругата: Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише?

May 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Караџов негира дека Бугарија не сака да ја гради пругата: Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише?

May 2, 2025 15:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8.

– Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот, рече Караџов во интервју за телевизијата БНТ, пренесува БГНЕС.

Караџов посочува дека Бугарија проектира 90 проценти сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините, овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час.  – Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не, наведе Караџов, оценуцајќи дека Николоски „раскажува македонски приказни за добра ноќ“.

Вицепремиерот Николоски во понеделникот  оцени дека е „очигледно дека Бугарија не сака да ја гради пругата“, информирајќи дека имаат испратено над 15 дописи до Бугарија на кои што немаат одговор од бугарска страна за изградбата на пругата.

– Фер е да се видиме и да ни кажат. Со самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, тоа многу говори за судбината на проектот. На наша страна се делата, на нивна се зборовите, рече Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Николоски потврди дека во Владата е пристигнат Предлог-договорот за заедничка изградба од бугарската страна, нагласувајќи дека веднаш е разгледан на седница на Влада и формирано е работно тело составено од министрите за транспорт и финансии и директорот на Железници и оти за него треба да се разговара.

Прашан дали има нешто спорно во тој договор, Николоски посочи дека има и оти затоа е потребно да седнат со бугарската страна и да разговраат.

– Велиме, благодариме што ова ни го доставивте, иако претходно средби имаше, ама ги прекинаа. Еве работна група од наша страна, повисоко од ова нема. Формирајте работна група вие, каква сакате, да седнеме, за еден ден ќе ја завршиме работата. Ама имајќи предвид дека не седнуваме затоа што тие не сакаат да седнеме, тогаш не можеме да ја завршиме работата. Да повторам, ако бугарската страна сака да гради пруга, пруга ќе има и ќе се изгради. Што се дела, што се зборови? Зборови се вакви провокативни изјави од бугарска страна, а дела се дека Софија – Перник нема да се реконструира зашто парите ги тргнаа и ќе ги вложуваат во Софија – Бургас, а Македонија во моментов е единствена земја што гради железница на Коридорот 8, рече Николоски.

Го повтори ставот дека Владата не сака да инвестира во пруга која завршува во тунел. Проблемот, наведе, е фактот дека Бугарија одлучила да не ја обновува пругата од Софија до Перник, односно од Перник до Ѓуешево во втората фаза.

Николоски во ноември лани во телевизиско гостување на прашањето зошто на бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

– Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на Коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи Коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на Коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и Коридор 8, истакна министерот Николоски.

Бугарската Влада на 15 јануари годинава и испрати на Република Северна Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел што ги поврзува двете земји. Како што соопшти тогаш бугарското Министерство за транспорт и врски (МТС), со потпишувањето на договорот ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот.  Бугарската страна,  стои во соопштението, е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Северна Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со нивно потпишување.

Според предлогот, двете држави ќе се договорат која ќе одговара за изградба на прекуграничниот објект, за јавни набавки и за надзор на изградбата и ќе вложат максимални напори да обезбедат грант-помош за изградба на тунелот и неговата соседна железничка инфраструктура, почитувајќи ги барањата на ЕУ и НАТО во однос на стандардите на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T).

За третиот дел од пругата кон Бугарија македонската и  бугарската страна досега одржаа две средби, една во Брисел на 16 октомври лани  кога се согласија  да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8 и една во Софија на 31 октомври лани по која македонската страна објави дека се прифатени нејзините аргументи: да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената и на самиот проект.

По три децении од почетокот на изградбата на 17 јануари годинава беше пуштен првиот дел од пругата кон Бугарија во должина од 31 километар. На вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, проектиран на 34 километри, според последните официјални податоци, изградени се 27,3 проценти, а рокот е 2026 година. 

Извор: МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ