• Latest

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

May 2, 2025
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

Што е денес медиум и поради која негова функција може така да се нарекува? Ако ова се расчисти барем на ниво на основна дефиниција полесно ќе се согледа и одговорноста на оние форми на јавно општење кои ќе можат да се нарекуваат медиуми.

May 2, 2025 12:46
in ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на изразување не е подарок кој може да се користи колку и кога сака секој член на задницата или таа во целост. Слободата на изразување е постојана борба за учество во општествениот живот на секој поединец или група во заедницата. Но слободата мора да биде користена како одговорност кон туѓите слободи кои не смеат да бидат ограничени со користењето на сопствената слобода, вели новинарот и аналитичар, Војо Маневски во изјава за ЦИВИЛ Медиа, за за слободата на медиумите, мислењето и изразувањето, по повод 3 Мај, Светски ден на слобода на медиумите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Одговорот се крие во содржината на самиот поим –медиум. Што е денес медиум и поради која негова функција може така да се нарекува? Ако ова се расчисти барем на ниво на основна дефиниција полесно ќе се согледа и одговорноста на оние форми на јавно општење кои ќе можат да се нарекуваат медиуми. Вака под овој поим се подведува се и сешто а најмногу се злоупотребува во служба на основачите на медиумите, политичките центри на моќ или се на куп, па се гледа само дневниот интерес.

Не постои медиум, а да не е слободен и ограничен само со јавниот интерес. Се друго е пропаганден центар со јасни цели на спроведување – лични или парцијални цели.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате нивото на медиумски слободи и слободата на изразување?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Слободата на изразување не е подарок кој може да се користи колку и кога сака секој член на задницата или таа во целост. Слободата на изразување е постојана борба за учество во општествениот живот на секој поединец или група во заедницата. Но слободата мора да биде користена како одговорност кон туѓите слободи кои не смеат да бидат ограничени со користењето на сопствената слобода.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите  и зајакнување на медиумските слободи?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Да ја искористат можноста што им ја даваат социјалните мрежи и сите прилози да бидат со поголема одговорност кон јавноста и да бидат надградени информациите со споредбени анализи . Со тоа и ќе се разликуваат од обичните постови пласирани низ социјалните мрежи.

Д. Мишев

Tags: 3 Мај - Светски ден на слобода на медиумитеСлободата на изразување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ