• Latest

Караџовски: Во Комисијата работат професионалци, не дозволуваме никој да нè прави мафијаши и корумпирани

October 26, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Караџовски: Во Комисијата работат професионалци, не дозволуваме никој да нè прави мафијаши и корумпирани

October 26, 2020 15:18
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, истакна дека најавената помош од НАТО, 60 респиратори и лична заштитна опрема ќе пристигнат в петок и соодветно ќе бидат поделени и распределени низ јавно здравствените установи, согласно потребите и експертизата и бројот на пациенти кои се лекуваат.

https://www.facebook.com/watch/live/?v=650839305601467&ref=notif&notif_id=1603714407279760&notif_t=live_video

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се најдат на 19. собраниска седница закажана за утре.

„Законот за заштита на население од заразни болести  се надевам дека брзо ќе го изгласаат, затоа што тој пакет на мерки, кои се таму предложени, заедно со овој кој е сега на сила, практично се мерки кои се користат и се имплементираат во други европски земји, и веруваме дека може да го редуцираат преносот на вирусот, во овој момент сметаме дека дополнителен пакет или некоја друга форма на мерки не треба да се имплементираат ниту препорачуваат, само сите да се придружуваат до досегашните мерки“, истакна Филипче.

Министерот изјави дека огромен процент од пациентите со Ковид-19 се со коморбидитети, односно со тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време и посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста.

„Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време. Понатаму еден сериозен процент на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста, и тоа е тренд што не прати од почетокот“, изјави министерот.

„Најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Чувствуваат слабост, малаксаност, затнат нос, температура. Со терапија, остануваат дома и ја примаат. Од 2 до 4 отсто завршуваат на клиника, а од смртните случаи, најчесто се работи за пациенти со коморбидитет. Здравствениот систем има можност да ги растегне клиничките капацитети и да станат многу одделенија ковид одделенија. Но, најважно е да се почитува апелот за почитување на мерките, зашто немаме резервни здравствени работници. Немаме други со кои ќе направиме замена. Немаме ниту доволно епидемиолози и инфектолози. До последните капки пот од нас ќе работиме. Нема да го оставиме на цедило населението. Додека јас сум овде на прес-конференцијава, некој работи. И да не се прават најголеми доктори тие што никогаш не излегле од канцеларија“, изјави Караџовски.

Караџовски истакна дека нема да дозволи никој да ја оцрнува Комисијата за заразни болести и нејзините членови, а во однос на нападите од опозицијата, истакна дека тој и неговото семејство не биле мафијаши, ниту дека се продаваат за ситни пари.

„Сега нè обвинуваат дека сме земале грдни пари дури дека за ситни пари се продаваме и дека сме мафијаши. Јас и мојата фамилија не се продаваме за ситни пари кои некој ни ги поттурнува. Ако некој треба да поднесе оставка треба да ни аргументира зошто. Ако сакаат нека донесат нови луѓе во комисијата лично ќе ги примам заутре во 8.00 часот. Нека повелат сите кои немаат доверба во Комисијата нека дадат свое стручно мислење. Не дозволувам никој да си игра со нашите фамилии, со увредите уперени кон мене и кон Комисијата, не давам влакно да ѝ фали. Таму има професионалци со 30 годишно искуство и не дозволуваме никој да не прави мафијаши и корумпирани. Велат сум имал баснословни пари, но ќе ви кажам дека имам кола стара 18години, еве ја тука паркирана и имам двособен стан , а не хациенда како што се пишуваше. Нека каже некој стручен, полиција, истражен орган дали имам земено екстра пари, што ми има потпишано комисијата, а јас да сум ги примил. Нека дојде меѓународна комисија тоа да го провери“, изјави Караџовски.

Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ