„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена, Драги Ѓоргиев (копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања) беше груб. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, вели Каракачанов.
Според Каракачанов, ваквиот став на Бугарија бил резултат на непочитувањето на билатералниот Договор од страна на Северна Македонија. Поради тоа, лани во октомври бугарските власти ја усвоиле „рамковната позиција“ и го вклучиле светлото за да го потсетат Скопје дека нема никаков напредок, туку само имитација.
„Бугарската влада разви своја рамковна позиција, која беше одобрена од парламентот. Бугарската дипломатија се придржува до позицијата на владата и парламентот. Во оваа фаза, не гледам желба од страна на нашата дипломатија за заобиколување на овој документ. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, тогаш има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата“, потенцирал Каракачанов, изразувајќи убедување дека нема да има промена во позицијата на бугарскиот парламент кон соседната земја. / ДВ












