Повеќе илјади Каталонци вчера во Барселона побараа од регионалниот Парламент да формира влада која ќе ги продолжи сеционистиките стремежи на Каталонија.
Маршот беше организирана од групата Каталонско национално собрание под мотото „Република сега!“.
Каталонските лидери безуспешно прогласија независност од Шпанија во октомври, кршејќи го шпанскиот Устав. По изборите во декември, што ги распиша Мадрид, сепаратистичките партии задржаа тесно мнозинство во каталонскиот Парламент, но не успеаја да формираат влада.
Претседателот на каталонскиот Парламент, Рожер Торент вчера ја одложи на неодредено седницата најавена за денеска, на која Жорди Санчез требаше да биде избран за претседател на регионалната влада.
Торент ја донел одлуката откако во петокот шпанскиот истражен судија одби да го ослободи од притвор 53-годишниот Санчез, обвинет за бунт против Шпанија, непослушност и учество во организирањето на референдумот во Каталонија.
Анкетикте покажуваат дека Каталонците се поделени по прашањето за независноста.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.