• Latest

Катанец и за „Утрински весник“, македонското новинарство тоне уште подлабоко!

April 26, 2017
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катанец и за „Утрински весник“, македонското новинарство тоне уште подлабоко!

April 26, 2017 18:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веста дека во сабота по 18 години, ќе прекине издавањето на дневниот „Утрински весник“, некогашниот угледен медиум во којшто читателите можеа да најдат објективни информации, балансирани прилози, аналитички теми, сè до доаѓањето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, е уште еден пораз за македонското новинарство коешто пропадна во провалија.

„Најавеното затворање на ‘Утрински весник’ е уште еден доказ, зошто Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и професионалното работење на новинарите и медиумите. Неспособноста на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со своите слабости и неприфаќањето на ниту една конструктивна критика, резултираше со невидени притисоци кон медиумите, новинарите и сопствениците. Заканите, тужбите, апсењата, затворањата и насилната реторика кон одредени новинари и цели медиуми од страна на власта во заминување, ја турна Македонија на дното на Европа по медиумски слободи. Затоа, Македонија и во последниот извештај на ‘Репортери без граници’ е рангирана како последна на Балканот! Затворањето на ‘Утрински весник’ дополнително ќе го намали рекордно нискиот рејтинг на Македонија по слобода на медиумите. Ударите врз професионалното новинарство и притисоците врз нив, мора да завршат! Повеќе никој да не помисли, како оваа режимска власт во заминување, да врши каков било притисок кон кој било медиум, новинар или сопственик на медиум. Демократските процеси мора да продолжат. Тие гарантираат слобода на медиумите и заштита на новинарите од какви било закани“, напиша на својот Фејбук профил, Љубиша Станковиќ, претседателот на синдикалната организација на „Утрински весник“.

Новинарите на овој весник долго време се бореа против притисоци за смена на уредувачката политика, постапно фрчеа отказни решенија, ги добиваа храбрите новинари од скопската редакција, па дописниците, за на крај, кругот да се затвори, и сопствениците на МПМ, Срѓан Керим и Александар Динев, да ги доведат работите до затворање.

Паралелно во новоформираното претпријатие Медиа Принт ДООЕЛ, регистрирано на домашна адреса на Динев, тече оглас за прием на преку 50 новинари, за којшто постојат сомнежи дека ќе бидат избирани само како партиски подобни кадри.

Крахот на „Утрински весник“, пропаста на поранешните 11 локални јавни радиостаници и телевизии, кога замре локалното новинарство, медиумските политики за целосно извитоперување на вистината и креирање јавно мислење коешто е само во интерес на владејачката коалиција, која сè уште не ја напушта власта, (власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, иако ДУИ со СДСМ и Беса и Алијанса за Албанците создаде ново парламентарно мнозинство) само одат во прилог на заклучоците и анализите од најновиот извештај на „Репортери без граници“ за (не)слободата на медиумите во Македонија.

Македонија е на 111 место, закотвена на европското дно, а експертите очекуваат влошување. Извештајот за Македонија е со наслов „Лошото момче на Балканот“!

„Навредата беше извадена од Кривичниот закон во 2012, но обвиненијата беа заменети со граѓански акции со можност за високи казни и затвор за репортерите и сопствениците на медиуми. Имаше многу извештаи за закани, насилство, напади и заплашување на новинарите за време на политичките демонстрации во 2016, но само малкумина од одговорните беа обвинети. Политичката нестабилност влијае врз работата на новинарите, а притисокот од владејачката партија наведе некои медиуми на самоцензура“, се наведува во кусиот коментар.

Зад Македонија годинава се само Русија, Белорусија и Турција.

Истите земји и од „Фридом Хаус“ беа оценети како „неслободни“ во ланскиот извештај. Друштво на Македонија на табелата и прават Парагвај, Уганда, Централно-африканската република, Замбија и Конго. Две места пред Македонија е Бугарија, којашто забележала пад од три места, а на 106 место е Црна Гора.

Моника Талеска

Tags: ДиневКеримЛошото момче на БалканотМедиа Принт ДООЕЛМПМРепортери без границиСтанковиќУтрински весник
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ