• Latest

Катица Јанева на распит во ОЈО за случајот „Рекет“

August 20, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Катица Јанева на распит во ОЈО за случајот „Рекет“

August 20, 2019 08:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако jавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, денеска на разговор со обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, се очекува специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, пишува МИА.

Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде суспендирана по отворањето на „Рекет“, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

„Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има планирано дејствија како ќе се води постапката и согласно тоа ќе се води постапката“, изјави Јовески за МИА ден откако на 8 август онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео снимка во врска со случајот „Рекет“.

Специјалната обвинителка излезе со реакција дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници. Во тој период водела разговор и со Камчев за да стане соработник – сведок во нова предистрага.

Последен за „Рекет“ од обвинителите беше сослушан Бурим Рустеми, кој во изјава за медиумите минатата недела рече дека меѓу другото Русковска го прашувала за поврзаноста на овој случај со истрагата за Поштенска Банка која тој ја води.

„Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави Рустеми по неговото двочасовно сведочење.

Рустеми е трет обвинител од СЈО, што беше сослушан за случајот „Рекет“, откако од почетокот на минатата недела беа сослушани неговите колешки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова.

„Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет“ во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави Рустеми и рече дека тој немал никакви притисоци и закани од Јанева.

Oбвинителката Стефанова, која е надлежна за предметот „Империја“ пет часа беше во Обвинителството, каде како што рече споделила сè што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

„Свесна сум за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен обвинител, а сведок од истрагата „Рекет“ е првооомничен во истрaгата Империја“. Се што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение  во петокот. Дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено“, изјави Стефанова на излегување од Обвинителството.

Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

Фатиме Фетаи, пред вчерашниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, одби да го коментира случајот „Рекет“.

„Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам“, нагласи Фетаи и додаде дека секој предмет на кој таа работела е чист.

Второосмничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец вчера беше донесен на распит во Обвинителството за организиран криминал, а во ЈО за случајот беше сослушана и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Во меѓувреме неделава власта и опозицијата требаше да ги продолжат преговорите за законот за Јавно обвинителство, во кој се решава и статусот на СЈО, кој претседателот на Собранието Талат Џафери го стави на седницата следниот вторник.

Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот. Опозицијата на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Препрека се и истрагите, отворени по 30 јуни 2017. Опозицијата предлага нив да ги преземе државниот обвинител , а власта смета дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат на предметите.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Меѓународната заедница е едногласна во барањето до властите во Северна Македонија во врска со случајот „Рекет“ да покажат на дело дека во земјата има владеење на правото и дека правната држава функционира, а законот за обвинителството е исклучително важен за одлуката за доделување датум за преговори за членство во ЕУ, што се очекува да биде даден во октомври.

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ