• Latest

Католичкиот Божик и обичаите ширум земјината топка

December 25, 2017
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Католичкиот Божик и обичаите ширум земјината топка

December 25, 2017 13:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Некои едвај го чекаат Божик, додека други не можат да ја дочекаат Нова година! Некако секогаш излегува дека поголема е радоста во исчекувањето, отколку во самиот настан. Така и Бадната вечер всушност е ден кога се случуваат најмногу нешта. Треба да се накити божикна елка, да се подготват разни јадења, да се завиткаат подароци и на крај на цела приказна да се оди на одмор. Значи, на Божик се одмараме. И едни на други го честитаме роденденот на Исус. 

Бадната вечер кај разни народи различно се вика. Во нашите краишта е Бадна вечер или Бадник, бидејќи таа ноќ до огништето се носи големо исечено стебло наречено бадник. Ако појдеме од германските или англиканските јазици, варијацијата е од Божикната вечер до Светата вечер. Никој точно не знае кога се родил Исус, но сме одредиле тоа да биде 25 декември. Како што според библиските записи била ноќ и се видела витлеемска ѕвезда, претпоставка е дека тоа се случило во ноќта меѓу 24 и 25 декември. Па така и роденденот на Исус се очекува и потоа се слави цели 48 часа.

Традиции за Бадната вечер

Што обично правиме на Бадник? Во некои дамнешни времиња се носел исечен трупец во домот. Немало елка за китење, туку таткото и синот оделе во шума и сечеле млад бор. Жените дома свечено ги пречекувале, го премачкувале со темјан и миродии па го замотувале во чаршав. Според народните верувања тоа стебло, како древни скали, требало да помогне на малиот Исус да се симне на Земјата. Во текот на Бадната ноќ на Божик, исечениот трупец се фрлал во оган во каминот и ја греел куќата до следното утро.

Денес тоа е многу поинаку. Имено, и во овие наши краеви, како целиот христијански свет, едноставно китиме елка. Тоа изгледа вака: во последен момент купуваме елка, ја китиме, ги виткаме подароците, подготвуваме бакалар или шаран со ориз, или се дружиме со најмилите, а потоа пат под нозе, на почивка. А на крај на сето тоа, се отвораат подароците!!!

А како е тоа преку барата? Таму улиците се поголеми, автомобилите поголеми, зградите поголеми, па тогаш и славењето е поголемо. Пораскошно. Американците не китат само елка дома, туку ја китат целата своја улица, влезот на куќата, дрвјата пред куќата. Пред тоа, исто како и ние денес, ужуваат во лудиот шопинг.

Божик на Запад

Велика Британија

Да видиме како е во Велика Британија. Санта Клаус или Дедо Мраз на 25 декември носи подароци низ оџаците, а за тоа време ладнокрвните Британци уживаат во мисирка подготвена на англиски начин, но и во божикниот пудинг и mince pies тортици од лиснато тесто полнети со суво овошје.

Британците во текот на божикното славје посетуваат и т.н. „пантомими‟ луди изведби на бајки или историски настани. Сценографијата е дополнително потенцирана со многу светлечки украси на улиците и плоштадите. Во Ковент Гарден самиот Father Christmas ги пали сијаличките. На познатиот плоштад Trafalgar Square се наоѓа прекрасен бор и секако имела. Стариот англиски обичај неодамна е воведен и кај нас. Со венчиња од имела ги красиме вратите од куќите, а секој кој ќе се затекне под венецот може да биде бакнат или да бакне некого. Вистинска работа!

Франција

Нешто појужно, во Франција работите се малку потопли и пошармантни. На пример, во нивната изведба на јаслици и светци кои стојат околу малиот Господ всушност се весели богаташи, селани, рибари.. сите облечени во облека од 19 век. Тие донесуваат поздрави на Светото Семејство.

Врвот на Бадник, т.е. на божикното славење Le Revellion, т.е. божикниот оброк. La Buche de Noel, чоколаден бисквит ролат во облик на стебло, сместено пред накитената елка, го симболизира стеблото од дамнешни времиња. Тука истото тоа стебло во дамнешни времиња го палеле со цел со светлината да ги истераат духовите. Но, кога веќе постојано ја спомнуваме накитената елка, треба да напишеме и кој прв ја поставил! Американците? Не! Овој пат одговорот не е точен! Првата елка светнала во покраината Алзас во почетокот на 17 век. Во 1840 година војвотката Орлеанка го пренела божикното дрвце во Париз.
На целата оваа приказна да додадеме и тоа дека француските деца на Бадник покрај каминот (печката) оставаат чисти чевли и едвај чекаат да помине ноќта, бидејќи наутро ќе најдат подароци во нив!

Италија

А сега, уште појужно. Кога Италијанците ви посакуваат среќни празници, ќе кажат Buon Natale буквално добар роденден. Во Италија во самиот центар на свеченоста не е елката, туку јаслиците. Секој се труди да направи што поубави јаслици, секој поубави од тие на соседите, а по можност и најубави во местото. Според католичкиот обичај 24 часа пред Бадната вечер треба строго да се пости. По заоѓање на сонцето пукањето од топот на Castel S. Angelo во Рим, го означува почетокот на празникот. Во 21 часот во црквите почнува света миса. По мисата се пристапува на празничен оброк во кругот на семејството. Некаде подароците се извлекуваат од урна на судбината, а интересно е дека некаде во Италија подароци делат и на Светите три кралеви. Додека во Италија ги дели La Befana (вештерка која доаѓа низ каминот), во Шпанија тие подароци ги донесуваат трите кралеви, los Reyes Magos.

А како е на Исток?

Јапонија

Божик се повеќе се слави и во Јапонија! Иако преовладуваат религиите будизам и шинтоизам, Божик стана еден вид комерцијализиран празник на чие славје се придружуваат сите. Главен сепак е Бадникот. Децата добиваат безброј подароци, наводно ги носи Дедо Мраз, се китат елки и фасадите на куќите.

Ако сте сингл девојка во Јапонија, веќе од октомври ќе фрлате око на потенцијални момчиња, бидејќи нема полошо од Бадна вечер помината во самотија. Или не дај Боже, во женско друштво!

Романтика, сјај, гламур, дејт под рака, тоа е она што се бара на тој ден. За среќа, изразот „стар божикен колач‟ помалку се губи. Тој поим, имено означува девојка во години т.е. над 25 години, која се уште не е омажена. Порано била слатка, но останала непродадена, велат Јапонците.

Се ова наведено се одвива околу 24 и 25 декември и се работи за земји кои го прифатиле Грегоријанскиот календар. Меѓутоа, постојат и тие кои своите празници ги поврзуваат со стариот Јулијански календар, а тоа се православните христијани, па целата оваа приказна кај нив се одвива на 6 и 7 јануари.

Русија

25 декември во Русија е ден кога престанува периодот на строгиот пост, но се работи за нормален работен ден. 31 декември е најважен ден за децата, Улиците светат во илјадници светилки, на плоштадите се креваат големи накитени елки, се сретнуваат пријателите и слават. Русите често слават на отворено, китат елка и уживаат во природата и снегот.

Кај Русите, даровите тој ден ги носи Снегорушка, т.е. Снежна жена, а Дедо Мраз го викаат Тато Мраз. Не го влече санка со ирваси, туку едно девојче (снегулка) и дете ( Нова година). На тој ден децата јадат црн леб кој се наоѓа во обесени чорапчиња, рецитираат стихови и пејат божикни песни. Сепак, вистинскиот Божик според Јулијанскиот календар паѓа на 7 јануари и го најавува утринска ѕвезда. Тој празник Русите го слават во кругот на семејството, во мир и тишина.

И така, од Дедо Мраз, Santa Klaus, па се до вештерката Бефана и Снежана, стигнавме до крајот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Католички Божиќнавикиобичаи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ