• Latest

Кажете јасно и гласно: Десничарски тероризам!

March 16, 2019

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кажете јасно и гласно: Десничарски тероризам!

March 16, 2019 10:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе почнам со оксфордската дефиниција за тероризам: „Незаконита употреба на насилство или заплашување, посебно кога е врз цивили, со намера да оствари и докаже некоја политичка цел.“

Мерсиха Смаиловиќ

Петочното сончево утро сите нè шокираше со терористичкиот напад кој се случи во Нов Зеланд, земја географски далеку од нас, но сепак многу блиска со мотивите на овој тероризам. Во оваа земја има само 1% муслимани, но терористот Брентон Тарант, добива инспирација и ја храни својата омраза со српска музика во која се слави геноцидот врз Бошњаците т.е. муслиманите на Балканот. Всушност, на крајот на 2018-та година, терористот Брентон Тарант шетал низ Балканскиве земји, најверојатно да ја нахрани својата омраза, да ги нахрани своите радикални ставови, да ја јакне исламофобијата! Ах, кога сме кај исламофобијата, термин кој ретко се користи и не се прифаќа, но во светот и те како стравот од исламот и муслиманите претставува мотив за напад над муслимани и муслиманки, напад врз џамии и други објекти кои се користат од муслиманите. Но, сето тоа невино се доживува бидејќи, фрлениот камен врз џамија не е ништо сериозно, вандалски чин кој причинил само материјална штета! Толку!

Говорот на омраза од страна на политичарите кои доаѓаат од десничарските партии, националистичките, се нарекува „популистички говор“ кој носи гласови, а ретко осуда. Дури ни терористичките напади кои се иницирани од припадниците на десничарските идеолози, нема да повлечат црвени линии кон нетолерирање на ширењето на исламофобијата, ксенофобијата и расизмот.

Кон припадниците на „привилегираната бела раса“, треба да се работи со методите и наративите кои се користат против ненасилниот екстремизам, во моментов процес исклучиво наменет за муслиманите. Треба да се работи на превенција на екстремизмот, а не постојана шокираност од мирните и повлечени поединци во нашето општество кои стануваат наутро и го убиваат првиот различен од нив на кој ќе наидат. Радикалните десничари секојдневно ја хранат својата омраза, секојдневно му се одушевуваат на Хитлер, Караџиќ, Младиќ, Брејвик и другите злосторници зад кои стои холокауст, геноцид, агресија! Но, ниту еден не почнал веднаш со убивање.

Омразата почнала со ширење на истата на социјалните мрежи, понатаму со приклучување на групи кои ја делат истата омраза. Групите формираат и политички партии и тогаш говорот на омраза има поширок импакт врз голема маса. А таму, на крајот од редицата стои терористот како Брејвик, како Тарант, кој од говор на омраза преоѓа кон злосторства од омраза. И сето тоа се случува во држави каде говорот на омраза кон муслиманите, бегалците, мигрантите, Евреите, Ромите и други, скоро секогаш поминува неказнето и се толерира како слобода на говор. И, во петок наутро, светот се буди шокиран од терористичкиот напад во кој се масакрирани верниците во две џамии.

Сè додека говорот на омраза поминува неказнето, истиот ќе прераснува во поголеми злосторства. Затоа медиумите ја играат клучната улога во борбата и превенцијата. Медиумите треба да ги користат вистинските термини за конкретни случувања. Тероризмот не е чин кој само го извршуваат терористи со муслимански имиња! Тероризмот и терорист е чин и човек кој ќе нападне џамија само заради верниците во неа, ќе нападне синагога, ќе нападне хиндуски храм, ќе пука врз катедрали и цркви! Новинарите треба да ги имаат истите аршини кон сите овие напади! Тероризмот не познава религија или нација, тоа е зло кое треба во корен да се спречи.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share367TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ